Седум знаци дека е време за отказ

Колку од вас можат да се пофалат (па и само пред себе) дека успеале да се вработат во здрава средина?

Затоа што постои нешто што се вика токсична средина, а со оглед на тоа кај живееме, многу е можно да сте некако заглавени во тоа.

На пример, можно е да треба да размислите дали е време за ново, ако се среќавате со следниве работи:

1. Непочитување и омаловажување

2.Нереален притисок да се постигнат краткорочни резултати на штета на долгорочната стратегија

3. Нееднаквост, нефер однос, фаворитизам и неправда

4. Било какво малтретирање или силеџиство

5. Недостаток на сочувствителност, ценење или поддршка

6. Претерана контрола

7. Морално сомнителни средини, недостаток на интегритет и охрабрување на неискреност

Наспроти ова, како би требало да изгледа на работа? Работа е, па ретки се тие што секојдневно ќе одат со песна.

Но:

Добра работна средина дозволува да растеш професионално. Тоа не значи по дифолт дека „ќе се напредува и ќе се качува плата”, иако кога е заслужено е пожелно. Значи дека ќе влезеш со одредени квалитети, и ќе ги надоградиш и еволуираш.

Имаш поддршка, предизвиците се здрави и мотивирачки, а претпоставените ти помагаат да се изградиш во твоето поле.

Во токсична средина, луѓето се разболуваат, проектите пропаѓаат, а најдобрите вработени - си одат.

Што нè кошта да биде обратно?

22 април 2019 - 00:02