Филм за една изневерена жена

Поточно, за сопругата во едно геј порно, што постои исклучиво за да „отиде во мол” и за да „се врати и да го фати маж ѝ со кумашинот”. Со брилијантна Ема Стоун внатре.

Има нешто во ултра-сериозниот пристап во комедијата, што ги прави работите уште посмешни. На Ема Стоун, и номинирана и наградена со најпрестижните награди, апсолутно не ѝ е проблем да се внесе во улогата на „Актерката” која безрезервно се внесува во улогата на „Сопругата” во едно геј порно, што по дифолт ја прави дел од кадарот што сигурно ќе се премота.

Проблем? Не. Ама е доказ дека треба да се смислат некакви престижни награди и за вакви глупоштини, каде што и ликот што го игра режисерот на порното ќе добие некакво препознавање од што е јак.

Видете ја вие оваа драма спремна за Кан!

23 април 2019 - 00:00