Сте ја имале таа несреќа да се дружите со нарцис?

Ако некогаш ви се закачила нарцисоидна личност (или во моментов се трудите да се ослободите од неа), тогаш веројатно ви е јасно за што се способни ваквите луѓе. Гајле им е само за нив, токсични се и луѓето околу нив им служат како пиони. Во случај да се сомневате, имаме тука шест показатели дека се бавите со нарцис.

Холивуд и неговата крива насаденост за бремени актерки

Седум најголеми скандали поврзани со бременост кај актерки што морале да прашаат пред така да им растураат на продуцентите и продуцентските куќи.

Ве молиме да не си ја усисавате менструацијата

Усисивач се користи за 2-3 работи. Побрзо завршување на добиено не е една од нив.

Изгледа треба да избегнувате кето-исхрана

Не ви се чини дека секој ден се појавува нова „врвна, оваа е најјака, оваа нема промашај” диета? Најчесто поради два-три збора кажани од влијателна/славна личност? До пред некое време беше хроно, сега, веќе подолго имаме кето-ентузијасти што не престануваат воодушевено да раскажуваат за кето-диета како три дена да ја раѓале.

Што погоди, а што утна „Чернобил”

После сите книги и сведоштва за катастрофата што го снајде Чернобил, заклучокот е дека и серијата што доживеа неверојатен успех, сепак се служи со фикција. Среќа, па успеале и доста вистини да прикажат.

Што се крие зад „извинете што почекавте”

Текстов многу лесно може да се вика „Како работат шалтерите во државава”, ама ептен нема смисла, за мејлови е. А знаеме колку нашите институции се снаоѓаат со мејлови. И колку многу сакаат обична пошта, по можност испратена ден после рокот за обжалување.

Концепт што вреди да се дискутира: Мomcation

Ви текнува? Од Vacation, па за мајки - Мomcation. Супер е!

Кој сака кујнски апарати од Долче и Габана?

Сите. Кој може да си дозволи кујнски апарати Долче и Габана? Шознам, видете, прерачунајте се.

Кога ќе ти се смачи анти-абортус секојдневие

Кај нас уште не дошло нож до коска на тема абортус како во некои американски држави, но, ние сме секогаш лидери, па според тоа и секогаш спремни. А и темата воопшто не е за занемарување. Колку порано ни е јасно, толку потешко ќе ни наметнат глупи закони.

Прашања за на прв дејт, според адвокати за развод

Ако некој може да забележи суптилни (и не толку суптилни) предупредувања дека врската е осудена на пропаст - адвокат за развод може.

Вог има видео од новата колекција на Ријана

„Во ова струкот ми изгледаше најмал, а газот најголем,” објаснува едноставно Ријана зошто се одлучила баш за белиот фустан-блејзер што го носи на почетокот.

Луѓето ги заболе за вашите патувања

Често вака се жалат долгогодишни патувачи - се враќаш дома на кратко, возбуден да раскажеш како си пешачел по Камино де Сантијаго или за неверојатните остриги што си ги јадел на некој остров - и на никој не му е гајле.

Зошто се разведуваш од Елвис Присли

Како по дефиниција од учебник. Премлада, неискусна жена се мажи за веќе влијателен, популарен и од тие причини - размазен маж.

Зошто Иан Сон е шеф на годината

Немојте да мислите дека треба да го знаете името. Иан Сон е обичен тип, директор во дигитална агенција во Чикаго. Но, не значи дека не треба од пред некој ден веќе сите да го знаат или дека не треба да очекуваме книга „како се води фирма” од него.

Тамблр објаснува што значи да нејќеш да раѓаш

Објаснува и од кои причини се нејќе. А кога Тамблр објаснува, се ќути и се слуша (чита).

Ако баш сакате да знаете - во Рајот нема секс

Така барем вели еден Грег Морс, лик што пишува за сајтот Desiring God (Посакувајќи го Бога?!), кој претходно имаше коментари и за феминистичкото лудило во „Капетан Марвел” и рече дека феминизирани мажи нема да успеат да влезат во Рајот. Преполн мудрости, пре-полн!

Кога си гаден, ама не сфаќаш

Не е многу тешко да се движиш низ животот без да се однесуваш ко кретен. Избегнувај да зјапаш во туѓи прозорци, не се пипај во јавен превоз и не се пуштај на тинејџерки. Врв, сеир и многу поучна драма на Редит.

Погрешни тела контролираме

Ако жена има однос со 100 мажи во годината, може да произведе само една целосна бременост. Ако маж има однос со 100 жени во годината, може да произведе 100 целосни бремености. Зошто тогаш, регулираме само жени?

Бездомнички и убавина

Веројатно последните два термини што би ги споиле, но секакви феномени има по светов, па така и - бездомнички што се грижат за својот изглед.

Не ми седнувај на кревет со алишта од надвор

„Соблечи ги панталоните” не е секогаш дел од предигра.

Што значи да се шминкаш во Северна Кореја

Не само што е не ти е паметно. Опасно е.

Може ли нигериски невести да станат тренд?

Да, јасно ни е, културолошко присвојување и сè тоа, ама фино е да се види како некои други култури го решаваат концептот - невеста.

Колку се луѓето посреќни, толку поедноставно се облекуваат

Ваков заклучок може да се изведе од годишниот извештај на ОН за нивото на среќа во светот.

Што треба да се постигне до 35

„Добредојдовте во вашите 30-ти. Сега имате омилен супермаркет.”
-Непознат автор