Нас, како родени овде, на Балкан, ќе ни требаат фурни леб додека да се научиме дека некои личности се поинакви од она што сме навикнати да го гледаме секојдневно. Напредни земји сè уште се борат со ширење на свеста, а ние, иако се трудиме (мал е бројот на тие што се трудат, за жал) да каскаме по нив, отсекогаш сме требале да вложиме повеќе напор за да го разбереме различното.
Што не значи дека не треба да се работи на тоа секој ден.
За да го доближи аутизмот до неаутистични луѓе, Александар Амелинс го прави краткото анимирано филмче со наслов - „Неверојатни нешта се случуваат”, и навистина успева да долови на кои сè неверојатни начини работи човечкиот мозок.
Со наратор како од Дизни цртан, на сите возрасни категории успева да им објасни дека разликите се некогаш едноставни, некогаш покомплицирани - но баш во овој случај - никако не мора да значи дека различно е лошо.
Напротив, може да биде неверојатно.
Со надеж дека ќе дојде ден кога конечно ќе разбереме, или барем, тие што не разбираат да не пречат,
Amazing Things Happen: