Колку чини твојата Прада?

Сега постои алатка што може да ти пресмета.

Пазарот на препродажба вреди 24 милијарди долари - повеќе од целиот оддел за брза мода - а и стартапи од оваа индустрија сè повеќе се трудат да го олеснат препродавањето на нивните платформи.

Ако имате слабост за луксузни производи, може и да ви се наоѓа некоја чувана Прада или Шанел ташна во плакар. Скапо сте ја платиле, па сте ја чувале како очи во глава, сте пазеле да не се гребе и да не се излиже и така натаму. И одеднаш, среќавате нов модел во продавница и одма го обожавате, што значи дека, можеби треба да се продаде стариот модел за да се инвестира во новиот.

Само што, немате поима колку тоа кошта.

Како да бидете сигурни дека некој не сака да ви ја плати под цена?

Чарлс Гора, одновач и менаџер на Rebag, вели дека токму ова е пречката заради која многу потрошувачи не ги продаваат своите производи онлајн. Затоа ја лансираат нивната алатка Clair (Comprehensive Luxury Appraisal Index for Resale) и со ова продавачите ќе можат ефикасно да ја проценат вредноста на нивните ташни.

Гора смета дека Clair е важен проект затоа што на Rebag ќе им овозможи да се истакнат на презаситениот пазар на препродажба.

Rebag, за разлика од другите препродавачи, ташните ги купува директно од нивните сопственици, што значи дека го поседуваат целиот инвентар на нивниот сајт - пристап што бара голем капитал. Дел од овој бизнис модел значи дека компанијата треба многу да ја бива за точно проценување на вредноста на секоја ташна што ќе ја купи. Почнати се пред пет години и ја ловат вредноста на секоја ташна што ќе им влезе на платформата, развивајќи јасна база на податоци за повеќе од 10,000 модели од 50 различни брендови. И кога еден муштерија ќе го користи Clair, внесуваат детали за староста и моделот, заедно со информации за состојбата и алгоритмот одредува колку би вредела таа ташна на секонд-хенд пазарот. И не мора да продавате преку нив за да ја користите алатката.

Во моментов, лесно е од прилика да ја процениш вредноста на една кола. Варира во однос на неколку параметри, ама во секое време знаеш за колку можеш да ја продадеш. Гора поминал години како финансиски аналитичар за компании како Голдман Сакс и Ротшилд, па решил дека е време за вакво разбирање и во светот на луксузните производи.

Податоците од Clair не влијаат само на пазарот општо, туку и на новите ташни што луѓето ги купуваат, затоа што сега е полесно да се дознае и колку ќе вреди со рекот на годините. „Хермес ташните на пример, се поскапи, но нашите податоци велат дека можат да задржат речиси 100% од нивната вредност со тек на време,” вели Гора и додава дека Биркин и Кели често се продаваат и за поголеми суми отколку оние што се дадени кога биле нови во продавница.

„Поголемиот број купувачи на луксузни парчиња сè уште не учествуваат во препродажната економија,” вели тој. „Може многу да се направи за овој процес да биде полесен, и за да посакаат да бидат дел од нејзе.”

25 октомври 2019 - 16:45