Историски точни маски

Ај, размислете дали жена на пиратски брод би инсистирала да е толку женствена. На брод. Со месеци. Една меѓу сто мажи. Размислете убаво.

Па гледате како, со златно, со чизми, дотерана, струкче, чипка на шеширот... И точно украсот напред на чизмата има употреба 174-ти ден на отворено море...

Прво, не ни примале жени, па за да влезат, се облекувале како мажи. Значи маската за жена-пират сигурно не е секси.

Ич да не почнуваме за (секси) викинзи колку е утната работата.

За вештерки да не правиме ни муабет. Освен на пример дека до „Волшебникот од Оз” шминкање на лицето со зелена боја на никој не му текнало, а капите - па, сте виделе ли било каде на историски фотографии некој, било кој, со таа капа?

31 октомври 2019 - 14:54