Се истражувало влијанието кое новата политика го има врз здравјето на младите и се открило дека ефектот не важи само за ЛГБТИ тинејџери туку за сите.
Студијата, објавена во ЈАМА Педијатрикс истражува како легализацијата на истополов брак во 32 од 35-те американски држави кои досега го донесоа законот, влијае на стапката на самоубиство од 1999 до 2015. Како фактор се земени 760,000 ученици и сите фактори се споредени со 15-те држави што уште не го усвоиле законот.
Откриле дека стапката на самоубиство се намалува за 7 проценти кај сите, а за дури 14 проценти меѓу оние што се дел од ЛГБТИ заедницата.
„Ова се средношколци, така што, не планираат да се мажат или женат во скоро време,” објаснува Џулија Рајфман, водач на истражувањето. „Сепак, самото дозволување на истополов брак ја намалува структуралната стигма што се поврзува со сексуалната ориентација. Поврзано е и со еднаквите права, па дури и кога немаш намера веднаш да си ги оствариш - учениците се чувствуваат помалку стигматизирани и со повеќе надеж за иднината.”
Самоубиството се препознава како значајна закана по животот на тинејџерите, и во моментов е втора најголема причина за смрт кај луѓе на возраст од 10 до 24 години. Проблемот е поголем кај лица што се идентификуваат како ЛГБТИ, каде што 29 проценти рекле дека се обиделе да се самоубијат во последната година, наспроти 6-те проценти кај хетеросексуалните тинејџери, а слично како кај други малцински групи.
Се смета дека негативниот став кон ЛГБТ заедницата е движечката сила зад сето ова - тинејџерите кои се ЛГБТ се на поголем ризик од насилство (од булинг до малтретирање, до физички напади) во споредба со стрејт-тинејџери. Деца од семејства кои воопшто не ги прифаќаат имаат 8.4 пати повеќе тенденција кон самоубиство, наспроти деца со барем по некој роднина што ги прифаќа.
На крај, иако има јасен пад во стапките на самоубиство меѓу тинејџерите во државите кои легализирале истополови бракови, истражувачите не можат до крај да бидат сигурни дали тоа се должи на политичката кампања која се врти околу легализацијата (што им помогнала да сфатат дека не се сами), или се должи на самото усвојување на законот.
„Можеме да се согласиме дека намалување на оваа стапка е добра работа, без разлика на нашите политички убедувања,” вели Рајфман. „Политичарите треба да бидат свесни дека законите што ги регулираат правата на сексуалните малцинства имаат вистински ефект на менталното здравје на адолесцентите и можат да влијаат и позитивно и негативно на она што ќе се случува понатаму.”