И да ја убијат, нема никогаш да ја имаат или да станат таа

Од сите нив, најжално-смешна отсекогаш била и ќе биде Бугарија. Да беше жена, ќе беше онаа која најмногу мава или онаа која ги вади ножиците да ја ошиша. Да беше маж, ќе беше од оние стари куси ќелави чичиња кои де нудат пари, де пасош да избега, де лажат дека ноќта биле со неа, де се закануваат, де се лижат, де цимолат и плачат, ама никогаш не се предаваат на помислата дека е џабе - не те сака. Џабе брат.

Знам дека веројатно повеќето од вас, ако не и сите, сте го гледале „Малена“, филмот од Торнаторе. Јас нема да го заборавам никогаш поради 2 причини. Првата излезе кога имав 16 :), а втората е симболична и отсекогаш ме потсетувала на македонската приказна. Сите околу тебе сакаат дел од тебе. А тоа е нештото кое никој не може да ти го земе. И постои анегдота дека режисерот на филмот, Џузепе, се изнервирал и ги отерал у курац сите шминкери сосе Моника и ја лупнал вратата од приколката додека овие се смееле, ја лупнал после часови шминкање и работа врз неа како модриците и крвта на Малена да изгледаат поуверливо, а таа поунаказена - таа изгледала, според неговите зборови кажани во лутина:

- Поубава е! Џабе шминкање, вака е уште поубава - баталете!

И се разбира дека е трауматична и грозна сцената на понижување и сакатење од другите жени, но е и катарзичната и комична вистина, затоа што и да ја убијат тие нема никогаш да ја имаат или да станат таа.

Од сите нив, најжално-смешна отсекогаш била и ќе биде Бугарија. Да беше жена, ќе беше онаа која најмногу мава или онаа која ги вади ножиците да ја ошиша. Да беше маж, ќе беше од оние стари куси ќелави чичиња кои де нудат пари, де пасош да избега, де лажат дека ноќта биле со неа, де се закануваат, де се лижат, де цимолат и плачат, ама никогаш не се предаваат на помислата дека е џабе - не те сака. Џабе брат. Такви комични креатури има и луѓе и мажи и жени и we all know one. Имало за жал и империи такви и национални политики и држави - а оваа нашава смејуриа трае веќе илјада години и не е ни од денес ни вчера нит па утре ќе заврши макар и магично влегле сега не во Европска унија ами и во Рајот. Џабе.

И она што никогаш нема да се смени јас знам е дека и двајца Македонци на светов да останеме и дури јас да сум тој едниот кој ќе го изгуби разумот или душата од тие двајца - другиот нема. И нема да рече: Е да бе, сите од мајмуни настанале, само ние од Бугари, пукај бе братучед, пукај, пичка ти материна! Јас сум Дарко и знам кој сум, а ти викај ме и Сузан ако сакаш! Затоа што тоа е вистината која од стомакот излегува и со која дебелите чичиња никогаш нема да се помират и да ја сфатат: Џабе!

Дури и на сила да ме земеш пак никогаш нема да ме имаш!

Она што никогаш нема да се смени е дека јас никогаш нема да престанам да бидам како малиот Ренато од тој филм и ќе гледам дур сум жив со подзината уста да може полукруг јато муви да влезат и да излезат така низ устава, а не само една.

Ќе зјапам со подзината уста и ќе го мислам истото дури дишам: Како е можно ти и да постоиш и покрај сè да си толку убава?

И кон Моника и кон Македонија.

И на секое понижување - ќе се насмевам и ќе помислувам: oh, bugger off! за да ме разберат почитуваните европарламентарци.

И земајќи го предвид нивниот длабоко дискутабилен образовен и етички капацитет, со драго срце би им објаснил (а треба некој од МАНУ, не јас!) дека етимологијата на нивниот термин bugger off потекнува од раносредновековниот латински збор „Bulgarus“, што значи „бугарски“ . Па така со додавање на off бегај, губи се - добиваме bugger off. Во слободен превод „Беај бе Бугар!“

Терминот се вдомил во употреба поради агресивните и досадни проповедања од врата на врата на богомилството по Западна Европа за време на Средниот век. Па така за да се оттарасат луѓето ги бркале од пред врата со bugger off! Болно е се разбира, премолчено да не се помисли и без да се истакне дека можеби средновековните западноевропски селани и граѓани биле поздрави во главите од денешните.

И да знам, знам одлично и многу добро дека дури и таа дуалистичка христијанска секта што наводно потекнува од Бугарија - потекнува исто толку колку Македонско девојче што потекнува од таму, ама барем за тој факт ми е гајле, како да ви кажам. Баш ми е гајле Џабе!

Небитен и мерси, о, ти, животе, што сум Македонец!

Дарко Лешоски

10 јули 2025 - 10:10