Фејсбук и Инстаграм забранија напалени емоџи

Дистописки некако, ама ете - ќе се контролира употребата на неколку емоџиња, поточно праската, модриот патлиџан и капките. Да, преглупо звучи, ама светот сам си го бараше.

Новите стандарди на Фејсбук ги сметаат за „контекстуално специфични и често користени како сексуални.” Предупредувањето е дека може да се пријави акаунт, ако ги користи во врска со „сексуални разговори, разголени фотографии или секс.”

Претставник од Фејсбук вели дека,

„ништо не е сменето во политиката на Фејсбук или начинот на кој реагираме во врска со неа, само го ажуриравме обраќањето за да ѝ биде појасно на нашата заедница.”

Цензурирањето е уште едно во низата ограничувања на интернетот, што уште повеќе им отежнува навигација на креативците, сексуалните малцинства и сексуалните работници при изразувањето. Излегува дека Твитер е последната голема платформа што дозволува промоција на содржини врзани со сексуалност.

Една понова вест вели дека претставник од Фејсбук потврдува дека нивните платформи не ги забрануваат емоџи-те сами по себе, туку во контекст на следната изјава:

„Содржината ќе биде отстранета од Фејсбук и Инстаграм ако содржи сексуално емоџи заедно со имплицитно или индиректно барање за разголена фотографија, секс или сексуални партнери, или во разговори за секс. Не преземаме никаква активност само за емоџи.”

30 октомври 2019 - 13:51