Пригодно за ноември (Мовембер, нели) еден стартап за производи за бричење решава дека најпаметното ставање (враќање) на мапа е со закачување на трендови. И тоа трендови што генерираат највеќе муабет онлајн, како на пример - влакна кај жени.
Така, најпровидно на свет, Били (така се вика брендот) почнува кампања за растење на женскиот брк под изговор дека тоа е нешто што треба да се прифати и да се слави.
Поточно ги кани жените да се вклучат во Мовембер, со пуштање на мовта над усните и нè части со видео-реклама - а во неа, жени што гордо го носат бркот што нивните мајки и баби години наназад се трудат заборави дека - и жени го имаат.
„И жените имаат мустаќи,” вели една во рекламата. „Можеби светот не знае затоа што многу трпиме за да го сокриеме тоа. Цел живот ги криеме.”
Па ни покажуваат како жени се мачат за да го сокријат тоа.
Имаат и тим на Мовембер сајтот и тие што ќе се вклучат можат да поканат пријатели да донираат, а Били ќе донира заедно со секоја донација до 50.000 долари.
Мовембер им овозможува на Били одново да ја пуштат прогресивната порака дека жените не треба да се устручаваат заради очекувањата на општеството околу телесните влакна. Велат,
„Ако сакате да знаете: Жените имаат мустаќи. Истренирани сме да ги криеме - со восок, со бланш, со брич - но тоа не ги прави помалку вистински. Како мов и бледи или темни и забележливи, таму се. И затоа, овој Мовембер, има да ги пораснеме овие влакна над усните што досега беа чувани како врвна тајна.”
Фина е таа порака дека не треба да ни биде гајле што ќе речат другите и дека можеме што сакаме да покажуваме на сопственото тело. И повеќе од фино - одлично е што конечно се разговара за машкото здравје.
Дечки, многу е важно да одите редовно на прегледи.
Многу е важно да бидете здрави заради сите што ве опкружуваат.
Ама реално, девојки, каква врска имаат вашите мустаќи со машкото здравје, ако сме веќе озбилни?
Можда е некако попаметно мустаќите да останат машка работа. Шознам.
Ако може.
Него, дечки, на доктор бевте ли?