Ферари не дава да си ги сликаш скапите патики врз нивна кола

Од Ферари ич не се воодушевени што германскиот моден дизајнер Филип Плајн си ги сликал патиките врз неговото Ферари.

Кога качувањето на глава се исплати

Валентина Сампајо е првата отворено трансродова манекенка што ќе работи за Викторијас Сикрет. Нешто како „не јебе леп, него упоран”, со тоа што во случајов, сакале вие да признаете или не, и упорниот е убав и го бива.

Зошто ти е јако кога готвиш за други

Поточно, кога печеш торти и колачи. Објаснето од психолози.

Ако не судиш на дебели, не значи дека можеш на слаби

Знаеме дека ругање дебели е неприфатливо, ама од кај па дека е дозволено ругање на слаби? Демек, лесно им е, па што ми е гајле?

На Кели Мекгилис ѝ е јасно зошто не ја викаат во Топ Ган

„Стара сум, дебела сум и личам за годините.”

Има ли ова дете старател?

Манекенката Кариса Пинкстон, во своите кревки 20 годинки успеала да има и „трансфобични постови од минатото” и да излаже дека е трансродова личност и да признае дека излажала.

Размисли што прашуваш

Зомбијана е врвна илустраторка и до сега не сме начекале промашена тема кај нејзе. Најново е серија илустрации на тема „Размисли што прашуваш”, каде што им се обраќа на луѓе што го пикаат носот каде што не треба. Зомбијана им вика да размислат, ние им викаме да не ја бараат мајка им по туѓи животи.

Како навистина изгледа социјална анксиозност

Социјалната анксиозност, или анксиозност во друштво, станува сè почеста појава, а сепак, како да не разговараме доволно на таа тема.

Тајните на индустријата за убавина не се веќе тајни

Благодарение на оние Јутјуб канали со 5-минутни финти за „направи сама”.

Ве молиме не ставајте сладолед во вагината

Ете. И до ваков наслов стигнавме.

До кога вака?

Ако може некој да каже до кога на мажите ќе мора сè да им се црта и да им се објаснува, наместо вистински да се вложат во односот со партнерката. Наместо да слушаат, да прашаат и да покажат некаква емоција. Пу.

Ви текнува на ова?

Чисто да се потсетиме, дека еднаш, живеевме во време, и на место каде што постоеше барбика Лепа Брена.

Толку дебела мува на капата не сме виделе

Зборови нема колку е многу глуп светот денес.

Во долгови заради Инстаграм

И тоа има. Лисет Калвеиро толку многу сака да биде инфлуенсерка и толку многу навлегува во магичниот круг на лајкови и коментари, што во еден момент е задолжена 10.000 долари.

Инфлуенсерите кукаат по одземените лајкови

„Сега треба да работам по 8 саати.”

100 години британска кралска мода

По којзнае кој пат, доказ дека модата е како лист хартија со напишани важни историски периоди на него.

Кога мислиш дека стареење ти е океј, ама...

Некаде во 2010-та година, Нора Тејлор, уредник за партнерства на еден моден блог, стои во група од потресени 22-годишни стажантки на „пијачка од работа”. Доаѓа шефицата што има 40 години и се шали со: „Имам 40 и сингл сум, ама не се давам! Ќе ставам ботокс, ќе тренирам, ќе правам што и да е!” Нив им е незгодно. А на Тејлор, сега, 10 години подоцна, ѝ е уште понезгодно.

Дали Инстаграм-терапија функционира?

Неодамна, во Тајмс излезе статија за подемот на нешто што се вика „Инстаграм-психијатри”. Ова е растечка група инфлуенсери кои преку социјални мрежи дискутираат ментално здравје, а кешираат на т.н. „терапевтска генерација” - сегмент од популацијата што се поклопува со „генерацијата од социјалните мрежи.”

„Контроверзната” Мис Кореја

Замислете, девојката нема скандал од кардашијански размери, не се разголува и никогаш не помислила дека ќе заврши на натпревар за убавина. Висока е 1.73 и тежи 58 кг. Ете го контроверзното.

Ни влијателните не влијаат како порано

Влијателните онлајн ликови, или нели, инфлуенсери, цело време јадат критики, што од што не ги бива, што од љубомора за лесниот и фин стил на живот.