1300 поплаки за згодноќата на Шакира и Џеј Ло

Знаете што ќе беше да бевме среден век, нели? Нели?!

Многумина уживаа во шоуто за полувремето на Супербоул, а имаше и такви што беа глупи.

Шакира и Џеј Ло приредија спектакл со атлетско танцување, пораки за Порто Рико, песни, песни испеани на шпански, феноменална костимографија, и така натаму. Знаете како беше.

Настапот на две од најуспешните жени на светот да ти бил антифеминистички

Сепак, бројката од 1300 (Илјада и триста!) поплаки покажува дека многу фудбалски фанови биле навредени од ваквата глетка - коментари што се провлекуваат се „вулгарно“, „навредливо и неприкладно за деца“, „невкусно“, „премногу разголено“, „крајно непристојно“, „премногу крупни кадри на деколте и газови“, „порнографско“ и на крај, како што еден гледач ќе опише без никакво објаснување - „Џенифер Лопез“.

„Зошто прикажуваме порно-танцување во ударен термин?“ се жали еден човек од Јужна Каролина. „Ова е семејно време. Децата ни се бомбардирани со порно, како да е тоа нормално.“

Како да е тоа нормално.

„Мора да има граници за количината на задници кои се откриваат и се тресат пред камери, и да се стави крај на симулирање сексуален однос меѓу маж и жена со триење,“ вели друга жалба, што доаѓа до Канзас. „НЕ Е ОВА ЗА ФАМИЛИЈАРНИ ЛУЃЕ! ТРЕСЕЊЕ ГАЗОВИ И ВУЛГАРНИ КОСТИМИ НЕ СЕ ДОБРИ ЗА МЛАДИТЕ! Како можевте да паднете олку ниско! Никакво достоинство!“ се жалат од Тексас, ветувајќи дека ова им е последен пат да гледаат.

Битно на Брус Спрингстин наводно му се допаднало.

Нели е скроз забавно да ги замислиш тие луѓе како толку многу се возбудуваат од глетката што не ги мрзи да станат, па да седнат на компјутер и да напишат лут мејл со капс лок до институција и да очекуваат дека некој ќе ги послуша?

Патем, честито на сите што сфатија дека и возрасните жени се секси - па, макар ги мавале и во инквизиторската жичка.

3 март 2020 - 00:00