Неделна доза ентериер:

Уште џуџиња фалат

Куќичка како од бајка - буквално.

Обично кога ќе кажат дом/куќа од бајките, првата асоцијација е сѐ што некогаш сте посакувале во една куќа. На пример холивудска, како на Џефри Стар, како оние со 7 терени за тенис, голф, кошарка и 28 спални, кино, теретана, 17 купатила и гаража за 70 коли. Или на карпи, стаклена, со поглед на океан, со приватен лифт за стигање до таму, сокриена, со порта како во „Тајниот живот на писателите“. Или брвнара совршена за топло чоколадо покрај камин, во снежна шума што никако да ве исплаши, затоа што во фантазиите - само придонесува кон романтичното чувство - а реално треба да ви е многу, многу страв.

Не, во овој случај, кога викаме куќичка од бајка - буквално мислиме дека уште џуџиња, еленчиња и зајачиња ѝ фалат и спремна е.

Некој човек си направил куќиче од приказните.

Прилогот е инаку дел од Јутјуб-каналот „Living Big in a Tiny House“, и ликот и претходно запрепастувал со откривање луѓе низ светот што живеат во фасцинантни (и многу мали) домови, кој од кој поуникатен.

Ова тука е сосе кров, форма, изолација во шума и прозорче - автентично. Личи многу мало, ама има 150 квадрати, а искористен дел вкупно 180 квадрати (има галерија), што го прави дупло поголемо од просечен скопски стан.

Внатре е современо, се пазело да има сладок камин, да биде дрвено и да има понекое парче што одговара, ама има телевизор, кујна со сѐ што треба и други ствари што го расипуваат впечатокот од надвор, ама барем се функционални.

Кога ќе чуете како ги правеле даските за кровот, ќе ви се збоктиса.

5 март 2020 - 00:00