Крис Метјус, еден од најпознатите американски презентери на вести даде отказ од МСНБЦ, откако пристигнаа поплаки за неговите забелешки за една гостинка. А баш се за набљудување кога ќе ги видиш сите на хартија.
„Зошто сѐ уште не сум се вљубил во тебе?“ пренесува негов коментар новинарката Лора Басет. „Кога незгодно се насмеав и не реков ништо, на шминкерот му рече - продолжи да ѝ додаваш шминка, има да се вљубам во нејзе.“
Што е проблемот со овој ‘комплимент’? Па во превод, значи: „Јасно е дека си привлечна, инаку зошто маж како мене би се очекувало да падне на тебе?“ заедно со опашка - „Има простор за подобрување, брзо ставај повеќе шминка, па животинскиот нагон ќе ме обземе.“ Катастрофата лежи во скриеното значење. А скриеното значење гласи: „Има да бидеш толку воодушевена од мојата делумна страст за тебе, што истиот момент ќе побараш совет како да ја разгориш.“
Дали човеков вака се мајтапел, или стварно бил вол, не можеме да знаеме, битно јасно е дека ваквото однесување е денес еднакво на отказ, а ако ништо друго, барем може ќе натера одредена група на луѓе да се подзамисли до каде смее да се оди.
Во екот на славата на Кајли, луѓето ѝ го коментираа задникот како да е посебен ентитет, што може сам да извршува функции и да добива наслови во медиуми, без неа. Ова сме го виделе, и тоа за истиот дел од телото за Џенифер Лопез, а ако веќе зборуваме за делови од телото како посебни ентитети, неколку пара гради во последниве 20 години добивале свој спотлајт. Може да се чини симпатично, но всушност е дехуманизирачки кога луѓето за тебе зборуваат како да си Лего што може да се растури на делови.
Компаративни комплименти - си ослабнал/а, изгледаш одлично за годините - треба да се заборават, а за оние „ќе те изедам колку си слатка“ треба да постои некаква забрана.
Кристин Скот Томас вели,
„Преку глава ми е да викам ‘благодарам’, кога некој ќе ми каже ‘уште се држиш.’
Или, тие што знаат да кажат „не личиш за 55“ или „одлично изгледаш за годините“, треба може да добијат потпрашање, па следниот пат да се замислат дали ќе треснат.
„Одлично изгледам за годините, ама во споредба со 25-годишна не?“
„Не личам за 55, затоа што 55 (кои ги имам) значат дека сум стара?“
Итн.
Оние „си се здебелила“, во придружба на загрижен поглед и фаца „Јас си дозволувам да ти кажам, пошо те знам“, ќе ги коментираме во друга прилика, на друга тема.