Ја знае од дете, но се разбира, тоа не го спречува да создаде непријатна ситуација со тие неговите кринџ „ај да се масираме“.
Извадена од памет дека ќе остане без кариера, а и општо извадена од памет, Палтроу му се жали на тогашниот дечко, Бред Пит, кој толку збеснува, што на Вајнстин му кажува нешто од типот „Ако уште еднаш ѝ направиш незгодно, ќе те згазам.“
Оваа исповед се случува во емисија на Хауард Стерн, кој е воодушевен од одлучноста на Бред Пит да преземе иницијатива.
Делумно, овој случај и неговото истакнување и начин на раскажување се коси со тоа дека жените можат да преземат сѐ сами во свои раце - ако веќе дечко ти е тој што те зема во заштита.
Но, овде се случува друг, поинаков феномен. Во моментот на инцидентот, Гвинет Палтроу е во зачеток на кариера, далеку понемоќна од лик како Вајнстин, ама тоа не е случај со Бред Пит - кој ја исправа својата моќ, предност и кариера во тој момент, пред онаа на Вајнстин.
Резултат? Вајнстин никогаш повеќе не ѝ се пуштил Гвинет Палтроу. Затоа што такви идиоти не реагираат на спротивставување од некој за кој се уверени дека е послаб од нив (предатор, нели). Ама ако му се спротивстави маж, кој во моментот е толку моќен и обожаван од публика, што немаш начин никако да го симнеш од пиедестал? Одма си ќути.