Го чистите сунѓерот за шминка?

Затоа што, бјути-блендер се чисти. Редовно.

Ако имате темелна рутина за нега на лице, третмани за инциденти и навлажнувачки креми што не содржат масла, а сепак завршувате со проблеми на лицето, можеби не покривате уште еден важен чекор - чистење на сунѓери, четки и други средства за нанесување шминка.

А ако користите баш сунѓер, дојдовме да ве извадиме од памет - можете ли да замислите колку бактерии можат да се соберат во тоа чудо? Милиони или милијарди, зависи дали го чувате во нешто, или го пуштате така во несесер, и дали сте го измиле вчера или - пред еден месец. Или недајбоже повеќе од тоа, а добро знаете дека ве има и такви.

„Апликаторите за шминка собираат сѐ што ќе најдат на вашата кожа - маснотии, мртви клетки, бактерии и друго ѓубре - што потоа пак ви се враќа на лицето (и во шминката) ако не ги чистите апликаторите,“ вели Сеџал Шах, дерматолог од СмартерСкин. „Ова може да доведе до акни, инфекции или други проблеми со кожата. Сунѓерот може да се исуши и да стане поабразивен како што се таложи шминка на него, па може да предизвика и иритација и неефикасна апликација.“

Се исплашивте? И треба.

Со внимателна и правилна рутина за чистење, можете да си ги решите проблемите поврзани со бјути-блендерот. Постојат повеќе варијанти на производи за чистење што можете слободно да си ги набавите ако ги начекате некаде, но главно, и бебешки сапун ќе заврши работа. Погруб сапун исто, ама тоа може да го намали рокот на траење на сунѓерот. По често и повеќекратно користење, можат да се појават и дамки кои тешко се вадат, па во тој случај, се потопува во сад со топла вода и сапун,

Најбезболно би било да најдете од оние пакувања со по неколку сунѓерчиња што ќе можете да ги фрлате после 2-3 миења и така да бидете сигурни дека не си го ставате сопственото ѓубре назад на лице.

Ако ве интересираат баш производи наменети за чистење, ги има овде.

28 февруари 2020 - 00:01