Е па, ова е баш една гадна статистика. Не мијат раце после користење на јавен тоалет, и ова е докажано во една студија од 2009 година, спроведена од страна на Центарот за контрола и превенција на болести, во онлајн водичот на институтот на тема „корпоративна активност“, за миење раце, базичната хигиенска навика што многу луѓе ја дознаа откако се рашири коронавирусот. За споредба, истата студија покажува дека 35 проценти од жените не мијат раце после јавен тоалет, што е исто така грозно, ама многу помалку од оние 69.
Студијата е стара, ама сознанието за оваа статистика е проблематично во било кој момент, особено во денешно време - 2009 е далеку, ама што тоа се променило до денес (освен COVID-19) што би им ја сменило оваа навика? А мажите, се разбира ги има насекаде - на работа, по ресторани, во јавен превоз, па и по дома. Ај сега нека ви текне што сѐ допреле после мочање (и друго), па нека ви текне и дека 69 проценти од нив после се фаќаат за тастатури, заеднички фрижидери, копчиња во лифт, и за жал - вашите раце.
И кога ќе ти текне дека имаме корона, станува уште пострашно. Експертите за јавно здравје, изминативе неколку месеци инсистираат дека раце мора редовно да се мијат и дека тоа е најефикасниот начин да се заштитиш од коронавирус.
Мачното е што, со инка не можеш да им ставиш, ни на 69-те, ни на 35-те проценти.
Ај ние што миеме раце ќе се шетаме со ракавици, корона или не, вие не се замарајте.