Сте чуле за „Ноцебо ефект“?

Со години, лекарите ја фалат моќта на плацебото - феномен при кој пациентите ги чувствуваат придобивките од лек што само мислат дека го добиваат, дури и кога не е така. Но ако мозокот е способен да произведе позитивни ефекти само од обично верување, тогаш може да функционира спротивното - да креира негативни сензации само поради можноста тие да се случат.

Овој феномен за кој помалку се зборува е познат како „ноцебо ефект“ и е почест отколку што ни се чини. Во едно ново истражување објавено во Journal of Medical Ethics Monday, Д-р Џереми Хауик од Оксфорд расправа дека лекарите што претеруваат со предупредувања за контраиндикации го потпалуваат ноцебо ефектот.

„Ноцебо ефект е негативен плацебо ефект,“ изјавува Хауик за Јаху Лајфстајл. „Ефект на очекување на лош исход. Ако лекар од доверба ти каже дека некој лек ќе ти предизвика болка или гадење (или нешто полошо), се зголемуваат шансите да ги искусиш овие работи, дури и ако лекот е апче од шеќер.“

Хауик посебно ја истражувал реакцијата во однос на „информирана согласност“, закон во Велика Британија кој од лекарите бара да ги истакнат ризиците кои доаѓаат со некоја процедура или лек. Но, вели дека ефектот е многу почест и не важи само кај луѓе што биле на лекар. „Ова се случува кога луѓето ќе почнат со нов лек, а уште почесто после Д-р Гугл,“ вели Хауик, зборувајќи за луѓето кои прво си ги пребаруваат симптомите на интернет.

Иако е тешко да се замисли вистинска физичка реакција на лек врз основа на некакви статии прочитани онлајн, Хауик вели дека ова често се случува. „Основниот механизам зад сето тоа е зголемената анксиозност,“ вели тој. „Со истражување се забележува покачено ниво на хормони на стрес во телото. Ако ви кажам да внимавате на болки во грбот во моментов, затоа што последниот оброк што сте го јаделе влијае на тоа, што ќе почувствувате? А ако ви кажам дека последниот оброк предизвикува благо гадење?“

За да се избориме со овој, сѐ поголем проблем, Хауик вели дека мораме да размислиме за начинот на кој се комуницираат потенцијалните контраиндикации, со техника позната како позитивно изразување. „На пациент можеш да му кажеш ’10 проценти од луѓето што го земаат леков имаат контраиндикации’, а можеш да му кажеш и ’90 проценти од луѓето што го земале леков немаат никакви контраиндикации.’ Во двата случаи, информацијата е иста, но првата води кон повеќе пријави за контраиндикации.“

Главно, се надева дека ова истражување ќе наметне одговорност кај лекарите за да ги водат нивните пациенти до успех. „Треба да користат позитивна и емпатична комуникација,“ вели тој. „Спротивното однесување би било неетичко.“

6 март 2020 - 00:14