Логично е да сте си центар на светот, сами на себе. Нормално дека сѐ на вас ви се случува, затоа што - сѐ на вас ви се случува. Сепак, има еден уметник, со серија илустрации од - компир, што го користи да ви објасни дека, (по стотти пат) - светот не се врти околу вас.
Колку побрзо го сфатите тоа, толку пораат ќе бидете.
На пример:
1. Светот апсолутно ништо не ти должи.
2. Ти си негативецот во нечија приказна.
3. Само затоа што си зафатен, не значи дека нешто постигнуваш.
4. На моменти не те бивало во минатото. На моменти нема да те бива ни во иднина.
5. Уникатен си. Како и сите други.
6. Животот што го живееш во моментов им е сон на многумина.
7. Некои луѓе едноставно не требало да ти останат во животот, колку и да сакаш.
8. Никој не е презафатен за да ти одговори.
9. Повеќето од нас не знаат да кажат „не“.
10. Ќе имаш многу малку вистински пријатели, без разлика што правиш за другите.
11. Твоите недостатоци не те прават убав. Те прават човек со недостатоци.
12. Луѓето нема секогаш да бидат љубезни со тебе.
13. Луѓето ги заболе колку ти е тежок животот.
14. Животот на другите ќе продолжи без тебе.
15. Да го споредуваш твоето прво поглавје со нечие друго е чиста глупост.
16. Луѓето ќе те мразат без причина.
17. Луѓето ги почитуваат парите, ретко ја почитуваат личноста.
18. Немаат сите сродна душа.
19. Твоите пријатели понекогаш ти зборуваат зад грб.
20. Ќе откриеш дека многу луѓе се заедно, но не се вљубени. Ќе откриеш и дека многу луѓе се вљубени, но не и заедно.
21. Не можеш да поправиш сѐ што ти е наопаку во животот.
Термометар за колку сте на прав пат:
После ова што го прочитавте ви е пријатно и смирени сте.
Ако ви е непријатно и сте поисфрустрирани, назад сте со материјалот.