Гумени, водоотпорни чевли, ама не се како ништо што имаме досега навикнато. Не, овие имаат посебен компартмент на нив за секој прст. Како чорапите со прсти што се симпатични, само затоа што кога си пред луѓе ти се сепак - внатре во кондура?
Е па, ова е на ачик.
Целата ревија всушност беше таква - чудна. Баленсијага гласно ја коментираат сѐ полошата климатска криза, со апокалиптични модели, писта потопена со вода, драматични проекции со побудалени води, разулавена лава и огништа по таван - што е за поздрав. И покрај тоа што колекцијата главно беше составена од класици на Васалија, како кожни чизми до бутови и облека за надворешни услови, личи како грузискиот дизајнер да предвидува точно - неговите нови чевли ќе бидат најкорисни кога ќе ни дојде крајот.
И во ниедна друга ситуација, ако сме реални.
(Но, да си поплачеме, замислете колку хипстери ќе се рашетаат со овие грдосии. Инфлуенсери и блогери нема шанси, затоа што колку и да е мода, никој не сака до толку да се изглупира.)
И сега, откако Баленсијага заврши, којзнае што нѐ чека во 2020, од аспект на мода.
Тешко нас, нели? Да.
Инаку, ако ве интересира со кого имате работа:
Баленсијага ги премина сите граници
Видете што направи Баленсијага
Баленсијага си најде нови кеси за инспирација
Зошто светската мода се врти кон Источна Европа