Што ви е толку тешко да шиете за дебели?

Модниот дизајнер Кристијан Сиријано ужива добра репутација поради спремноста да биде инклузивен во својата колекција и во едно интервју со Ешли Греам, се истакнува неговата страст за облекување луѓе во сите форми и големини.

Ешли Греам инаку има подкаст, со наслов „Pretty Big Deal“, а таму Сиријано како гостин се возбудува околу неспремноста на модната индустрија да попушти кога се работи за креирање стилови за сите. Кога Греам го прашува зошто им е толку тешко да креираат облека во секоја величина, Сиријано не се воздржува ич:

„Секако е потешко, не е баш најлесна работа тоа, затоа што процесот е подолг - мора облеката да ја спремиш за повеќе величини пред да ја произведеш, што многу брендови не го прават затоа што не сакаат да трошат време, пари и ресурси. Значи, тоа е. Но, сепак, се постигнува. Ние еве го правиме тоа. А јас имам мал тим. Значи, не е толку тешко.“

Потоа откри дека до Европа носел плус-сајз манекенки да му учествуваат во ревии, па на Греам ѝ објасни дека решил да шие во сите големини, откако му кажале дека некои жени не треба да носат негови фустани.

„Упорно ми велеа дека облеката ми е за манекенки,“ се сеќава Сиријано. „Реков, тоа не е вистина. Ме нервираш. И ќе ви покажам дека ова ми се новите манекенки, и тие се со облини и закон се.“

Сиријано во 2016-та го имаше по медиуми затоа што беше единствениот дизајнер што се нафати да ја облече Лесли Џонс за премиерата на Ghostbusters. Ја има облечено и Џенифер Хадсон, и одговорен е за ова.

„Мислам дека човек треба да биде многу оптимист и отворен за секоја нова работа, секој проект, за идејата - што ли би можело да биде следно? Затоа што порано не беше така, порано велеа ‘Нема шанси.’ Ама сега веќе тоа не поминува.“

28 февруари 2020 - 00:00