Најновиот луксуз е - излитена чанта

Модата повторно го слави неуредното, ама фала богу не како Баленсијага до пред некоја година. Овој пат е до автентичноста, не до грдото.

Софија Толстаја - или причината што денес можеме да ја читаме „Војна и мир“

Кога 18-годишната Софија Берс се мажи за 34-годишниот Лав Толстој во 1862 година, не влегува само во брак туку во животна улога што ќе ја проголта во следните 48 години: сопруга, препишувач, уредник, финансиски менаџер, издавач, мајка и организацискиот ум зад едно од највеличествените дела во светската литература.

Не било „Девојка“, туку „Дете со бисерна обетка“

Досега, идентитетот на девојката на портретот беше непознат, но сега, после 360 години, историчарите на уметност конечно можат да кажат дека ѝ го знаат и името. Се викала Магдалена, но поголемото откритие е дека воопшто не била ни жена, дури ни тинејџерка - туку десетгодишно девојче.

Би живееле ли во трговски центар?

Многу трговски центри во САД се борат со празни паркинзи и затворени големи продавници, но некои од нив добиваат сосема нов живот - како места за живеење.

Како траумите од детството можат да нè следат до ден-денес

Истражувањата покажуваат дека последиците од трауматичните искуства можат да се појават во различни форми - од губење на сеќавања, до потешкотии во градење односи и прифаќање љубов.

Зошто женските чевли имаат таков шпиц?

Прашањето, кое првично го поставило тринаесетгодишно девојче од Њу Џерси, отвора едно подолго истражување на модниот експерт Мајкл Вотсон од Универзитетот на Јужна Каролина.

Кинескиот шпион и Французинот што мислеше дека му е жена

Во историјата на шпионажата ретко се среќава приказна толку необична и истовремено збунувачка како приказната на кинескиот оперски пејач Ши Пеј Пу и францускиот дипломат Бернар Бурсико.

Што му пиша Синатра на Џорџ Мајкл

Во едно интервју за ЛА Тајмс, Џорџ Мајкл го споделува разочарувањето од славата. Френк Синатра не е човек што стигнал да се разочара од славата.

Кога постојано кукаш, се репрограмираш за мизерија

Истражувања покажуваат дека постојаното жалење и кукање не само што шири негативност, туку може физички да ја промени структурата на мозокот и да влијае врз здравјето.

Никој не ги сфаќа новиве млади

Генерацијата З ги опфаќа сите родени меѓу 1997 и 2012, што значи дека во иста генерација се вбројуваат и тинејџери кои допрва прв пат се вљубуваат и возрасни кои веќе десет години работат во канцеларија.

Ви текнало некогаш дека „Mишелин“ и „ресторани“ се сепак чуден спој?

Ако да, тогаш тоа е затоа што е стварно така и затоа што начинот на кој конечно дошле во иста реченица е бизарен. 

Еднаш нè прелажаа дека мастите се проблем и уште не можеме да се опоравиме

Во средината на 20 век, додека научниците се обидуваа да ја откријат вистинската причина за срцевите заболувања, една добро организирана манипулација тивко го смени начинот на кој целиот свет гледа на исхраната. Она што следуваше беше децениска измама - со шеќерот како невидлив виновник, а мастите прогласени за главен непријател на здравјето.

Тоа со задолжителните 10.000 чекори е само маркетинг

Како си паѓаме на финти како човештво, да нè жалиш.

Како пешаците ги изгубија улиците

Денес звучи нормално пешакот да мора да премине улица само на означен премин, а секое друго движење да се смета за прекршок. А, ако ви кажеме дека ова е релативно ново правило? Пред само еден век, улиците биле заеднички простор - се мешале пешаци, деца, коњски коли, продавачи и првите автомобили.

Некои работи не се трпат после 40

Не, нема да спијам кај тебе, ќе идам во хотел.

Однесувања што укажуваат на анксиозност

Вознемиреностa и анксиозноста се ретко видливи и бучни, не знаат баш да се најават и да се претстават. Ситни, препознатливи гестови често зборуваат погласно од самите зборови и не се чудни навики, туку човечки реакции на внатрешен немир што не секогаш знаеме како да го сокриеме.

Жената чиј метод спасува милиони бебиња годишно

Во 1952 година, во една породилна сала во Њујорк, лекарите се соочуваат со (уште едно) модро новороденче што не дише. И тогаш се слуша „Ајде да го оцениме бебето,“ што значи дека на сцена влегува д-р Вирџинија Апгар.

На Борат 92 пати му викале полиција

За време на снимањето на Borat: Cultural Learnings of America for Make Benefit Glorious Nation of Kazakhstan, на Саша Барон Коен 92 пати му викале полиција, а ФБИ оформиле случај поради пријавите дека „некој тип од Блискиот исток патува низ САД со камионче за сладолед.“

Се враќаат лаванда-бракови, ама овој пат никој не се преправа

Поим од минатото повторно оживува - лаванда брак. Некогаш тоа било шифра за брак меѓу хомосексуален и хетеро партнер, создаден од потреба за „нормалност“ во време кога различноста се криела зад кулиси затоа што општеството не дозволувало да ја има. Денес, општеството уште би да не дозволува, ама не сите го прашуваат и му се плашат.

Што ги прави среќните парови - среќни?

Овде имаме пет важни елементи од секоја среќна врска, скроз се бесплатни и апсолутно потребни.

Лепезата е цел еден свет на комуникација

Можеш дечко да фатиш, можеш да се испокараш, можеш и да се договориш за наредно гледање.

Сте слушнале за Милена Павловиќ Барили?

Сликарка, поетеса и модна илустраторка што живеела меѓу светови - Балкан, Европа, Америка.

Нов тренд за веѓи: Избелување

„Ако некогаш сте имале желба сами да си ги скратите шишките, но ве спречил стравот дека веднаш ќе зажалите, тогаш сигурно ќе ме разберете кога зборувам за внатрешната борба што ја чувствувам со новиот тренд на избелени веѓи,“ вели новинарката Челзи Канделарио во својата колумна за PureWow.

Кога револуцијата се врти против сопствената култура

Постојат моменти во историјата (и сè почесто денес) кога револуциите не се крвави, туку мирни, цивилизирани, дозволени. Луѓето излегуваат на улица со право на протест, бараат промена, зборуваат гласно, дури и навредуваат институции и власти - и често имаат право да го прават тоа. Но нешто чудно се случува во една од следните фази. Истите тие луѓе кои бараат подобро утре, почнуваат да се свртуваат против оние што (го) создаваат: уметници, актери, музичари, писатели. Одеднаш, културата станува непримерна, уметноста станува луксуз, а забавата - вулгарна.