
Никелбек почнаа јако, со многу фанови, продадени плочи и концерти - и одеднаш, станаа капаче на секакви шеги, доскочици и мемиња интензивно фокусирани да ги прикажат како најлошиот бенд на сите времиња со музика што пара уши и не смее да се дозволи да постои.
Нејасно беше зошто, иако сите се фаќаа на орото.
Ама конечно има објаснување - во видео есеј, Аса Парк почнува од почеток - од нападите на 11 септември во Њујорк, до денес, кога Никелбек сепак - има правда - не се пропаднати.