Bookbox

Во време кога вештачката интелигенција сè повеќе навлегува во научните истражувања, се поставува клучно прашање: што ако ВИ почне да открива знаење што луѓето не можат да го разберат? Како што шаховските компјутери одамна ги надминаа играчите, така и ВИ-системите би можеле да ја надминат човечката наука – но по цена на разбирливоста. А она што не може да се разбере, колку и да е корисно, не може ни да се примени.

Британското кодно име му било Гарбо. Германците го воделе под Аларик. Бил обичен селанец, кој поттикнат од својата омраза кон фашизмот самиот - без да биде „регрутиран“ од никого - почнал да шпионира за Британците. Одиграл клучна улога во успехот на Ди-деј во текот на Втората светска војна, иако за малку сопругата ќе ги расипела плановите, а со тоа ќе го променела и текот на историјата.

Зошто медицинските драми се толку привлечни?

„Ургентен центар“, „Доктор Хаус“, „Oва ќе боли“, „Добриот доктор“ или „Д Пит“. На првa, не изгледа особено привлечно да се гледа серија што го следи секојдневието на лекарите: медицински термини, повреди, крв, неизвесност и смрт. Сепак, високата гледаност и долгите сезони на овие серии покажуваат дека публиката е заинтересирана, дури и опседната. Зошто?

Букбокс гледанка: „Шведската врска“ (2026)

Филм на Нетфликс кој ја прикажува комплексната положба на Шведска за време на Втората светска војна. Во центарот на приказната е навидум обичен службеник во Министерството за надворешни работи, Геста Енгзел, кој постепено станува свесен за ужасите што нацистичкиот режим ги спроведува врз Евреите во Германија и окупираните територии. И одлучува да стори нешто во врска со тоа.

Праведно може да се владее само од блиску

Еден индиски мислител, како критика на моделот на британско владеење со неговата земја, развил теорија дека власта, за да има разбирачка за проблемите на луѓето со кои владее, мора да живее меѓу нив и со нив, а не да раководи само преку долгата рака на администрацијата. Неговата клучна порака била едноставна, но радикална: моќта мора да биде видлива, блиска и одговорна.

Букбокс гледанка: „Куќата на Гинисови“ (серија, Нетфликс, 2025)

Базирана врз историјата на славното семејство-производители на пиво, ова е многу повеќе од биографска серија - во контекстот на времето во коешто се одвива, таа зборува и за борбата за ирска независност и положбата на жените во машкиот бизнис и политички свет. 

Данинг-Кругер стана „фолклор“, ама не на начинот на кој замислуваа авторите

„Се чувствувам како Џек Вајт од Вајт страјпс кога ќе чуе риф од своја славна песна. Теоријата е позната низ целиот свет, ама толкувањето е најчесто погрешно“ - вели ко-авторот на ефект кој во психологијата е познат како „толку си глуп, што не знаеш ни колку си глуп“. 

Грција скандализирана: Британскиот музеј организирал свечена вечера среде галеријата со скулптурите од Партенон

Откако минатата година Британскиот музеј одржа модна ревија посветена на Марија Калас среде скулптурите од Партенон, чие враќање во Грција е предмет на расправија со години, сега одлучи да направи чекор повеќе. Организираше свечен хуманитарен настан со 800 луѓе на софра покрај мермерните фризови.

Стигнавме до „органска литература“ - лиценца дека книгата е напишана од човечки автор

Британски стартап воведува систем за сертифицирање на книги напишани од луѓе, како одговор на сè поголемата навалица на дела создадени со вештачка интелигенција.

Изборна „трка“: спортски метафори во политиката

Јазикот на спортот длабоко навлегува во политиката, особено за време на избори. Секој изборен циклус се претвора во натпревар исполнет со спортски изрази – кандидатите се „во трка“, „постигнуваат поени“, „задаваат нокаут“, „играат за победа“ или „ја менуваат тактиката на играта“. Новинарите ја следат кампањата како спортски натпревар, коментирајќи кој „води“, дали некој „постигнал гол“ или „промашил шанса“.

Бумот на фабричкиот туризам

Како вчера да беше, од школо нè однесоа на посета на фабрика за пецива и колачи. Никогаш нема да ги заборавам звуците кои оддекнуваа низ големите хали, каљачите за врз чевли што ни ги дадоа на влезот и тетките со коси покриени со нешто што личеше на капа за туширање. И најубавото - најтазе колачите кои пред очи беа преливани со чоколадо и мирисаа божествено. Дали и сега впечатокот би бил ист?

Почина последниот член од историската експедиција на Еверест

Канчa Шерпа, сведок на првото искачување на највисокиот врв во светот, почина на 92-годишна возраст. Во последните години од животот, Шерпа со жалење зборувал за тоа што Еверест се претворил во туристичка атракција со илјадници искачувања, отпад и загадување. „Планината е нашата божица – Куомолангма. Треба да се почитува“, велел тој.

Избор ли е ако имаш премногу избор?

Од избор на облека и книги, преку глас за политички кандидат, кариера или место на живеење – современиот човек е опкружен со куп можности. Да можеш да избираш денес често значи да бидеш слободен. Но, како што укажуваат економистите, филозофите и социолозите, оваа идеја има свои ризици. Премногу избор, велат, не секогаш носи слобода – може да создаде конфузија, индивидуализам и чувство на вина кај оние што немаат вистински избор. 

Стивен Греам од „Адолесценција“ почнува глобален проект во кој татковците ќе им пишуваат писма на своите синови

Во време кога младите момчиња сè почесто растат меѓу онлајн мизогинија и изгубени машки идентитети, еден актер се обидува да го врати најстариот облик на разговор – писмото меѓу татко и син. Новиот проект на Стивен Греам, „Писма до нашите синови“, сака да го претвори молкот меѓу генерациите во книга која поттикнува искрен муабет.

Воочи отворањето на 44. Скопски џез фестивал: Човекот што го џезира Шопен

Денес, 16.10., почнува уште едно издание на Скопскиот џез фестивал, чии звуци ја одбележуваат 44-тата есен по ред. Го отвора полски пијанист, чиј албум од 1993 го поттикна интересот за џез преработки на класиците.

Живот, луѓе, затоа што има време за тага

Уште еден бисер од Ред хенд фајлс - преписката на Ник Кејв со своите фанови. Овој има 16 години, дошол во Англија од Германија на размена и решил да го посети гробот на Артур, прерано заминатиот син на Кејв. 

Музика од која цвеќето ви расне

Под „цвеќе“ се мисли на реално цвеќе или какво и да е растение. Иако денес влијанието на музиката врз сè, па и врз билките, е прилично истражено, во 1970-тите тоа не било така. Еден албум се обидел да ја промени перцепцијата дека растенијата немаат чувства. 

Сонот: најчудниот и најнеразјаснет дел од нашето постоење

И покрај децении научни истражувања, науката сè уште нема јасен и единствен одговор на прашањето што е всушност сонот и зошто воопшто постои. Во секојдневниот говор, сонот најчесто се сведува на својата корисна функција – потреба на телото и мозокот за одмор и обновување. Популарните медиуми неуморно предупредуваат за последиците од недостиг на сон и нудат совети за борба со несоницата. Но ова утилитарно сфаќање ја пропушта суштината – дека сонот не е само биолошка неопходност, туку е едно од најчудните, најмистериозните и најуниверзални човечки искуства, кое ни се случува секоја ноќ, без наша волја.

Како тајната полиција Штази влегла во светот на компјутерските игри?

Во Алиертенмузеум во Берлин до 30 јуни може да се посети интересна изложба која покажува дека видео игрите не секогаш биле сметани за „зло“ во Источниот блок. Со оглед на нивната популарност, тие биле користени за тајно надгледување но и за развој на домашната микроелектроника. 

Островот на куклите - морничавата локација кадешто е сниман најновиот спот на Лејди Гага

Некаде во Мексико постои проколнат остров, гонет од сеништето на одамна удавено девојче. За да се смири нејзиниот дух, сопственикот на местото почнал да закачува кукли. Едно време почнале да доаѓаат туристи. А најнови гости му биле Лејди Гага и Тим Бартон. 

Новиот нобеловец по физика има корени од Хрватска

Американскиот физичар Џон Мартинис, професор емеритус на Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара, и годинашен добитник на Нобеловата награда за физика, во интервју за „Јутарњи лист“ раскажува непознати детали од својот живот и за своите хрватски корени од островот Вис, поточно од гратчето Комижа.

„Чудото“ – последниот, недовршен филм на Чарли Чаплин

Фантазија за „прекрасно суштество со крилја“, составена од нацрти, раскази и скици на големиот комичар. Ова е содржината на до сега непознато сценарио на Чаплин кое наскоро ќе биде објавено за прв пат. 

Што е тоа - „ништо“?

Иако звучи необично, во историјата на филозофијата подеднакво, ако не и повеќе, е дискутиран проблемот на непостоењето, на „не е“ наспроти „е“. Дали „ништо“ може да се замисли и да се искаже? Ако може, тогаш, како е тоа - ништо? Доколку ве интересира, добро. Доколку не - ништо.

Предвидувањето од 1970 дека старите ќе станат „граѓани од прв ред“ во 2025-та

Пред повеќе од 50 години научниците очекуваа дека до 2025 ќе живееме по 90 години и дека староста ќе стане „првокласно граѓанство“. Денес, бројките се далеку поскромни, и покрај сиот технолошкиот напредок. Но уште позагрижувачко од должината на животот е неговиот квалитет и односот на општеството кон повозрасните лица. Читавте вести за домовите за стари деновиве...

Во првиот филм за „Титаник“ играла преживеана од трагедијата

Само еден месец по потонувањето на „Титаник“, во април 1912 година, 22-годишната американска актерка Дороти Гибсон – една од преживеаните – снимила филм за трагедијата. „Спасена од Титаник“ била првата драматизација на познатиот настан, снимена и објавена во мај истата година.

Јапонскиот Хари Худини

Еден затвореник, кој не бил „цвеќе за мирисање“, но сепак бил осуден за убиство кое не го сторил, покажал неверојатна креативност и трпение во планирање на своите бегства. На пример со секојдневно плукање во синџирите од супата, за солта да го разјаде железото.

Некогашното палестинско момче растено во беда доби Нобелова за хемија

Можеби некој ден ќе се сними филм за Омар Јаги, кој денес, 08.10., се закити со високото признание - Нобеловата награда - за пронајдоци кои се користат во технологиите за чиста енергија и собирање вода од пустински воздух. Дете на бегалци од Палестина, тој растел во големо семејство кое живеело во иста соба со домашните животни. Татко му имал завршено шесто одделение, а мајка му била неписмена. 

Библиотека без цензура скриена во играта Мајнкрафт

Креативен проект на „Репортери без граници“ овозможува пристап до новинарски содржини забранети во авторитарни држави. Проектот беше претставен на Светскиот ден против цензурата.

Дајте му уште еден Нобел на царот!

Истражувачот Фред Рамсдел уште не знае дека е добитник на Нобелова награда за медицина, која беше соопштена вчера, 6.10., бидејќи човекот си заминал на планина без интернет и телефон. Си го чува здравјето, aj ти.