Bookbox

Останала запаметена како една од најконтроверзните личности во француската историја. Иако со децении била обвинувана за раскошен живот и симболично претставувала сè што револуционерите го мразеле кај монархијата, нејзините последни часови откриваат поинаква страна од нејзиниот карактер. 

Кога Лионел Меси го крена трофејот на Светското првенство во 2022 година, тој момент за него и за милиони навивачи беше влез во фудбалска вечност, како што претходно било за легенди како Диего Марадона, Зинедин Зидан, Роналдо Назарио и Бастијан Швајнштајгер. Но, златниот трофеј чие кревање предизвикува транс не бил отсекогаш истиот.

И со „траума“ се претера

Што всушност значи терминот „траума“? Денес тој се користи многу почесто отколку порано – за тешки животни настани, но и за секојдневни разочарувања, стресови и непријатни искуства. Летвичката за тоа што се може да биде траума е толку спуштена, што излегува дека и најмало непријатно искуство го заслужува овој опис.

„Да даде Господ...“: клетва стара 2.000 години откриена во Холандија

Археолозите во Холандија открија необичен римски артефакт што фрла нова светлина врз верувањата и магиските практики во античкиот свет. Станува збор за мала оловна плочка со испишани клетви и повикувања на божества и демони, која била користена за нанесување штета на непријатели. Истражувачите се особено заинтересирани од необичната комбинација на јазици и културни влијанија што се забележуваат во натписот.

Паноптикон: малку познатиот затвор на Крф инспириран од визија на британски филозоф

Паноптиконот (еден можен превод - Севид) е еден од најпознатите архитектонски и општествени концепти во историјата. Замислен кон крајот на 18 век од британскиот филозоф Џереми Бентам, тој требало да биде револуционерен модел за затвори, болници и други институции. Денес овој концепт најчесто се споменува во дебатите за надзор, контрола и приватност, но неговите траги можат да се пронајдат и во реални градби, меѓу кои и еден затвор на грчкиот остров Крф.

„Јас сум мајката на Адам Ланза"

„Уште колку деца треба да умрат пред да се сменат законите за огнено оружје во САД" - ова е очајниот повик кој го упатуваат Американците по завчерашното пукање во Конектикат. Но фокусирајќи се на достапноста на оружјето, дебатата не зема предвид еден позначаен проблем - оној на менталното здравје.

Убавина среде ѓубре

Во пресрет на акцијата за правење елка од пластични шишиња во Градскиот парк, погледнете го трејлерот за Landfill Harmonic, трогателен филм за еден специјален оркестар од Јужна Америка, целосно составен од инструменти направени од - ѓубре.

Пијаното-сираче

Oва на прв поглед ни изгледа ко експеримент од зоологија, кога некој (човек) ќе им остави на мајмунчиња тропалка или компјутер во кафезот па ги забележува нивните реакции.

Извинете за сите грашки

„Нека оној кој во животот не напишал ниту еден текст со печатна грешка го фрли првиот коректор", би можела да гласи првата заповед на Божицата на совршениот текст.

Баба Маришка и нејзиниот бенд

Маришка Холубек е родена во едно мало унгарско гратче во 1904., а умрела кога имала 90. На скоро 80 во Копривница, каде живеела, го формирала Маришка бенд. Од тогаш е влезена во легендите.

Рецепти од книгите на Толкин

Познат по неговиот блог Dillicious, Хит Дил сега на Кикстартер собира пари за интересен проект. „Средно печено и обратно: готвач според Толкин".

Од тебе не сум сит, кафано

Во манирите на најдобрите мета-текстови, овој е преведуван во...кафана. Додуше во неа немаше трки на болви, тезгаџијки на наслада, и чаши со дамки од ДНК стари барем девет дена. Кога човек ќе размисли, останаа уште малку вакви вистински кафани - каде лебот е бајат, ама шанкерката сосема свежа.

Почина Рави Шанкар

Роден во древниот индиски град Варанаси, Рави Шанкар најпрвин бил танчар во трупата на брат му, со која го пропатувал светот. Но на 18 години одлучил да се врати дома и да се посвети на учењето ситар.

Договор замок руши

Пред неколку дена осамна неверојатна вест, особено затоа што доаѓа од цивилизираната Франција - замок од 18. век во селце во Бордо е срамнет со земја. По грешка!

Длабок театар

Во Лос Анџелес во јануари ќе биде изведена претстава според антологискиот порно филм од 1972, „Длабоко грло". Влез: само за полнолетни.

Чајна литература

Ако имате дилема што да му купите на Букбокс за Нова година, еве идеја: чај. Aма баш ваков.

Музика за пијано и пинг-понг топчиња

Хаушка, или како што е неговото вистинско име, Волкер Бертелман, компонира и изведува композиции на „подготвено" пијано. И звучи магично.

Најчистата форма на уметност

Во фолклористиката постои посебен жанр наречен „латриналија" или народни умотворби од јавните WC-иња. Еве мал избор од светските, и повик за регистрирање на нашите.

Признавам, те сакам

Ако се препознаете во стрипов, вие сте среќни луѓе. Затоа што сте пронашле некого кого го сакате само затоа што го прави светот поподнослив, а вас подобри луѓе. И со кого ја имате онаа разбирачка која ја имаат само многу, многу добри пријатели.

Вејтс за музичарите кои прават реклами

Во 2002., откако прочитал текст од Џон Дезмор, тапанарот на „Дорс", кој зборува за отстапувањето на авторска музика за реклами, Том Вејтс кој претходно успешно се судел со компанијата Фрито леј за 2 милиони долари (подоцна и со Левис, Ауди и др.) го напишал следново писмо до The Nation.

„Гугла“ во речникот на македонски јазик?

„То Google" официјално влезе во Меријам Вебстер и во Оксфордскиот речник на англиски во 2006. Но истиот си постои, во идентична или адаптирана форма, и во други јазици. Само прашање на време е кога и тие верзии ќе влезат во нивните стандардни речници. 

Секс, дрога и Харвард

Славниот универзитет - симбол на елитистичка и строга академска атмосфера - тукушто откупил огромна збирка книги, постери, филмови, писма и други предмети поврзани со...секс и дроги!

Почина Оскар Нимаjер (104)

Оскар Рибеиро де Алмеида Нимаер Соарес Фиљо, попознат како Оскар Нимаjер, во 1956. отишол со претседателот на Бразил, Кубитчек, да посети една огромна, сува савана, среде ништо. „Ќе изградам нов главен град и сакам да ми помогнеш", му рекол претседателот на Оскар.

Книга за само една песна

Снимен во 1984., Various Positions беше единствен албум на Коен одбиен од неговата дискографска куќа. Речиси никој не забележал кога песната сепак излегла, под независна етикета. Оттогаш, преку десетици кавери и како дел од филмска или телевизиска музика, „Алелуја" стана антологиска.

Автопортрети на славните

Од застапените само за Боуви знаеме дека студирал сликарство, па можеби затоа серијата негови автопортрети од 90-тите минатата недела е продадена за 6,500 фунти. Но и другиве не се лоши.

Џони Кеш и Google Earth

„Сум бил насекаде", напишана од Џеф Мак во 1959., се однесувала на градови во Австралија, а Хенк Сноу во 1962. ја прилагодил за Северна Америка. Во 1996 Џони Кеш со неа „пропатувал" низ стотина места, кои сега со него можете да ги посетите и вие.

Teтрис, Пикасо и Пекмен

Њујоршкиот музеј на современа уметност најави дека од март 2013. во една од неговите галерии ќе биде сместена постојана збирка на видео игри.

Биди си ти

Во Букбокс, а и во off.net, често пристигнуваат текстови на читатели кои од нас бараат мислење за тоа што го напишале, дали „вреди" да се пишува, како „треба" тоа да се прави.