Маришка Холубек (Фуњак) потекнува од музичко семејство кое на почетокот од минатиот век се доселило во Подравина. Уште од мала свирела виолина, клавир и хармоника, по малку гитара, а најголема радост ѝ била да ги подучува младите. Со јавни настапи во цркви, на промоции и на добротворни приредби почнала во 1960-тите, но својата креативна зрелост ја доживеала кога во 1981. ја формирала споменатата група.
Старицата со лик на Е.Т. била вистински боем, експерт за шлагери, традиционална народна подравска и американска музика. Нејзините другари од групата ја викале Биг мама, а таа на шала им викала да не ѝ даваат да потпишува автограми „за да не се умори па да не може да свири".
Во животот сменила двајца мажи, не била многу позната по готвење и домаќинлук (повеќе сакала да свири и да седи по кафани), а деца никаде не се спомнуваат. Никогаш не завршила средно музичко, а мотото ѝ било „Кога најмалку очекуваш, животот ти дава најмногу". Во 1986. режисерот на Телевизија Загреб Петар Креља снимил получасовен документарец за неа, кој за жал не можевме да го најдеме онлајн. Но еве еден краток прилог за неа од ХТВ.