WC фолклор

Најчистата форма на уметност

Во фолклористиката постои посебен жанр наречен „латриналија" или народни умотворби од јавните WC-иња. Еве мал избор од светските, и повик за регистрирање на нашите.

Во рубриката Македонштина веќе сме објавувале бисери од институциските тоалети, но ваквите пораки потпишани „од управата" строго гледано не спаѓаат во гореспоменатиот фолклор, бидејќи тие би требало да се напишани на ѕидовите, вратите и плочките на местата познати како „оние каде и царот оди пешки".

Еве неколку собрани од разни ВЦ-иња низ светот, некои од нив познати цитати, други добри совети, трети сосема апсурдни. Има и такви кои прераснуваат во форуми. Имате некој интересен од наше ВЦ?

„Љубовта е збор кој го користиме да ги објасниме работите кои не ги разбираме, оние кои се поголеми од нас“ (љубов е шкртнато и ставено НЛО)

„Повеќе луѓе треба да се викат ’Луиза’“.

„Љубовта која ја потиснуваш, е болката која ја носиш“

„ -Ова не е возвишениот пат. - Не е ни нискиот, Златокоса. - Средниот пат е. - Дечки, ова е ВЦ.“

„Тие ќе продолжат да лажат ако вие продолжите да слушате. Престанете да слушате.“

„Шољата беше толку висока, што се чувствував како кралица“

„Најголемата грешка која некој може да ја направи е да му биде страв да направи грешка“

„Совет за фаќање дечко/девојка: Избегнувајте ги Норвежаните. Премногу внатрешна драма.“

„Читајте го Лаверкрафт, ќе ви ги реши сите проблеми“



„Бидејќи пишувањето на  ѕидови на тоалети не се прави заради признание од критиката, ниту за финансиски надомест, тоа е најчистата форма на уметност - дискутирајте“. 

8 декември 2012 - 09:32