Учел класично пијано, свирел во рап бенд, компонирал филмска музика, но откако се фасцинирал од електронската одлучил да проба слични ефекти да постигне без употреба на струја.
Сега 88-те жици на неговото пијано се покриени со алуминиумска фолија, кожа, пинг понг топчиња, па дури и кутивчиња од Тик-так, и „даваaт цел тепих звуци под тоновите кои ги прават чеканчињата". „Она што ми се допаѓа е тоа што нешто се случува без моја контрола", вели Хаушка, чие пијано звучи како внатре во него да има уште десетина инструменти.
Неговиот најнов албум „Силфра", направен во соработка со една од најинтересните виолинистки во моментов, Хилари Хан, според повеќе музички сајтови е прогласен за еден од најдобрите во 2012. Сниман е на Исланд, без претходно подготвени ноти, врз основа на моментална инспирација. Вистинска музика за оваа зима.