Bookbox

Останала запаметена како една од најконтроверзните личности во француската историја. Иако со децении била обвинувана за раскошен живот и симболично претставувала сè што револуционерите го мразеле кај монархијата, нејзините последни часови откриваат поинаква страна од нејзиниот карактер. 

Кога Лионел Меси го крена трофејот на Светското првенство во 2022 година, тој момент за него и за милиони навивачи беше влез во фудбалска вечност, како што претходно било за легенди како Диего Марадона, Зинедин Зидан, Роналдо Назарио и Бастијан Швајнштајгер. Но, златниот трофеј чие кревање предизвикува транс не бил отсекогаш истиот.

И со „траума“ се претера

Што всушност значи терминот „траума“? Денес тој се користи многу почесто отколку порано – за тешки животни настани, но и за секојдневни разочарувања, стресови и непријатни искуства. Летвичката за тоа што се може да биде траума е толку спуштена, што излегува дека и најмало непријатно искуство го заслужува овој опис.

„Да даде Господ...“: клетва стара 2.000 години откриена во Холандија

Археолозите во Холандија открија необичен римски артефакт што фрла нова светлина врз верувањата и магиските практики во античкиот свет. Станува збор за мала оловна плочка со испишани клетви и повикувања на божества и демони, која била користена за нанесување штета на непријатели. Истражувачите се особено заинтересирани од необичната комбинација на јазици и културни влијанија што се забележуваат во натписот.

Паноптикон: малку познатиот затвор на Крф инспириран од визија на британски филозоф

Паноптиконот (еден можен превод - Севид) е еден од најпознатите архитектонски и општествени концепти во историјата. Замислен кон крајот на 18 век од британскиот филозоф Џереми Бентам, тој требало да биде револуционерен модел за затвори, болници и други институции. Денес овој концепт најчесто се споменува во дебатите за надзор, контрола и приватност, но неговите траги можат да се пронајдат и во реални градби, меѓу кои и еден затвор на грчкиот остров Крф.

Шеесет години стара е-книга

Aко мислите дека е-читачот е модерен пронајдок, оваа вест можеби ќе ве разубеди. Историчари тврдат дека една учителка од Шпанија имала инспирација за него уште во 1949.

Човекот со кого спиеш

Пред да почне навалицата од текстови поврзани со љубов, ангелчиња во лет и бонбоњери во форма на срце, еве еден убав визуелен приказ на најголемата интимност која можат да ја споделат двајца. Да, заедничкото спиење.

Нокаут за шах-мат

Има така денови кога човек е фасциниран од некакво интернет откритие. За мене денес е ова - фактот дека постои дисциплина (засега само машка) која го премостува јазот помеѓу физичкото и интелектуалното, во која е подеднакво важно и како се тепаш, и како мислиш. А сето тоа почнало само како СФ идеја на еден стрип цртач.

Од кал да е, мх-мх да е!

Темава на прв поглед повеќе одговара ко за Мојата кујна. На втор, ова не само што делува ко да не се јаде, туку и како софистициран уметнички перформанс, кој можеби порачува - од кал да е, ексцентрично да е.

Куферот на Дерида

Францускиот филозоф, татко на деконструкцијата, пост-структуралист и постмодернист, едно од оние имиња по кои често се посегнува кога човек сака да звучи начитано („како што вели Дерида..."), има нова биографија. А во неа и една интересна анегдота, која колку што зборува за него, толку зборува и за односот на власта кон мислечките суштества.

Човекот кој како дете сакал да биде старец

Нема подобро интервју со Вејтс од она кое можете да го чуете - со годините гласот и начинот на кој зборува му станува како на некој стар мудрец од Малешевијата, кој со поглед вперен во снежните врвови, со кавалче во едната и пљоска сок од бозел во другата рака, од време на време проговара: „И му викам ја на Кит..."

Како да опишеш сирење?

Замислете тезга на Буњаковец на која се продава сирење, урда и кајмак со натписи на нив, нешто во стилот: „Беровско-мераклиско, од овците медот" или „Секој петок да ја јадеш, прсти да лижеш". Така, ама и многу пософистицирано ги рекламираат нивните сирења продавачите во Њујорк.

„'Рѓа и коски" (2012)

Ако имате дете кое некогаш за малку ќе се удавело, никако не го гледајте филмов. За останатите, ова е мелодрама, ама со многу страст за живот, дури и кога тој гризе, мава и боли.

Бактериолошки исправна поезија

По веста дека 154 сонети на Шекспир и говор на Мартин Лутер Кинг се складирани во човечка ДНК, сега еден поет успеа да ја направи првата поетска - бактерија!

Реклами со порака

Во продолжение на нашата подрубрика за женски прашања, право на лакирање нокти и слобода на мрчење, неколку примери на користење на женското тело во реклами, од глупо, грдо, до грозно и катастрофално. Не е потребно да знаете што е „семиологија" за да ги сфатите.

Фројд - вистинскиот пронаоѓач на „таблетот"?

Славниот психоаналитичар секако не пишувал ништо за iPad-от и современите таблети. Но метафората која ја користи во еден помалку познат есеј посветен на „Мистичниот пад" чудно потсетува на структурата и функцијата на оваа денешна технологија.

Уметност во снег и мраз

Зимово се изначекавме на прилика да пишуваме на оваа тема, но денес условите изгледаат идеални. Компилација на дела кои сведочат за ефемерноста на уметноста, и на животот. Денес го има - утре го нема, ама важно било убаво.

Орвел 2013-та

Во Британија со различни настани за прв пат беше одбележан Денот на Орвел, годишнината од смртта на славниот автор, кој умре на 21. јануари 1950. А што ако беше жив?

Клетвата на Хемингвееви

Да си потомок на познат автор и да го носиш неговото презиме сигурно некогаш во животот се исплати. Но генетското наследство понекогаш знае да биде и товар. Мериел Хемингвеј, внуката на Ернест, раскажува за ова во документарец кој е дел од овогодинешната програма на Санденс.

Безделничари од сите земји - забушавајте!

Ако денов ви тргна мрзоволно, до толку што дури не ви се чита ни овој текст, ич не се секирајте. Копнежот по безделничење е сосема здрав, исправен, и да видиш чудо - дури и ефикасен. Не, во моментов не зјаете во мониторов одложувајќи ги побитните работи. Вие само умно ги проценувате приоритетите, и без непотребна хистерија ги извршувате. 

„ЗИМСКИ ДНЕВНИК“ ОД ПОЛ ОСТЕР

Твоите боси стопала на студениот под додека се симнуваш од креветот и му приоѓаш на прозорецот. Сега имаш шеесет и четири години. Воздухот надвор е сив, речиси бел,сонцето не се гледа. Се прашуваш: уште колку утра остануваат? Една врата се затвори. Друга е отворена. Влегуваш во зимата на твојот живот. (Пол Остер, Зимски дневник)

Визитки на познатите

Имав еден другар, Стефан, чија визит карта гласеше „Штеф - мајстор за убави работи“. Таа, и уште една чиј сопственик под името има допишано „хомо сапиенс?“ се најинтересните кои ми паднале в рака. Еве неколку на неколку славни личности, кои зборуваат колку за ликот, толку и за нивното дело.

Колку многу е премногу?

Вообичаено слушаме бунење заради политичка некоректност на извесна изјава, текст или книга. Овој пат некој критикува прекумерно „дотерување" на детската литература, така за да не звучи навредливо.

Менталните мапи на Брн

Дејвид Брн си го сакаме заради музиката и точаците, но човекот е талентиран за повеќе работи. На пример за цртање со молив, и за дијаграмско, едноставно претставување на сложени концепти.

Рамната снага на Каренина

На Русите не им се бендиса најновата филмувана верзија на „Ана Каренина". Една од причините - Кира Најтли била преслаба.

Книжевен жанр: канцелариски ѕидни преписки

Има една форма на човечка комуникација за која ќе биде потребно уште долго време пред да стане целосно дигитална - оставање ѕидни пораки по канцеларии и тоалети.

Што е полошо од хипохондрија?

Урнебесен, нов текст на Вуди Ален од Њујорк Тајмс, за стапиците но и добрите страни на хипохондријата. Фино е да разликуваш шљифка од меланом, но и подобро е да внимаваш со антибиотиците, отколку тие да ти ги убијат сексуалните дразби во полн лифт.