Нов тренд - јадења од земја

Од кал да е, мх-мх да е!

Темава на прв поглед повеќе одговара ко за Мојата кујна. На втор, ова не само што делува ко да не се јаде, туку и како софистициран уметнички перформанс, кој можеби порачува - од кал да е, ексцентрично да е.

Знаете она кога деца, а богами и некои други животински цицачи јадат земја, затоа што веројатно им недостасува некој минерал во крвта? Епа геофагијата сега веќе не е синдром или некакво нарушување, туку врвна гастрономија!

Да пиете нешто што личи на оние „супи“ од земја што ги правевме како мали не звучи баш привлечно. Ама во францускиот ресторан Ne Quittez Pas (Не заминувајте) во токијската населба Готанда, нуди целосно мени со различни јадења направени токму од кал. Добро, не онаа обичната, собрана во некој ендек, туку црна, правлива земја која доаѓа од Канума, префектура Тошиги во Јапонија.

Земјата со која се готви е „строго тестирана за да биде безбедна и чиста“, за да обезбеди дека супата, рижотото и салатата од кал со сос од земја од кои можете да се задавите најадете, ќе го уништат задоволат вашиот апетит. За десерт - сладолед од кал. Море од кал да е, слатко да е. Давајте!

 

 

31 јануари 2013 - 11:37