Книжевно суетни Руси

Рамната снага на Каренина

На Русите не им се бендиса најновата филмувана верзија на „Ана Каренина". Една од причините - Кира Најтли била преслаба.

Русите се малку незгодни кога се во прашање странските екранизации на нивни класици. Овој пат на нож е дочекана верзијата на Толстоевата Каренина на Џо Врајт, која според дневниот весник „Известија" личи на раскошно илустрирана детска сликовница, а пак списанието „Афиша" замера на честите промени на сценографијата од која на гледачот почнува да му се врти.

„Два часа глупости. Не е лошо ако филмот го гледате како комедија", напишал во коментарите еден од читателите на информативниот портал „Комерсант". „Филмот можел да биде купен и прикажан во Русија само во состојба на целосен морален распад", е оценката на познатиот рускиот биограф и поет Дмитриј Биков, кој предлага донесување на „анти-Врајтов закон, со кој би било ставено ембарго на сите идни филмови на Кира Најтли".

После славните холивудски ѕвезди кои претходно ја играле Каренина, Најтли имаше тешка задача, но не само во актерска смисла. За Русите таа е неубедлива и поради тоа што е премногу слаба, и не личи на руска жена од тоа време. „Таа воопшто не одговара на нашето видување на Ана, особено ако ја споредиме оваа 'исушена' актерка со Аља Тарасова, Вивијен Ли, Грета Габо или Татјана Самоилова", пишува Новаја газета.

На критики не остана имун ни Арон Тејлор Џонсон во улогата на Вронски, мажевниот љубовник на Ана Каренина, кои според Русите повеќе личи на „пародија на книжевен јунак".

Единствено Марија Кувшинова, филмска критичарка која пишува за „Афиша" го обвинува не филмот, туку нејзините сограѓани за конзервативност и самољубие: „Ако сте се уплашиле од новата филмска верзија на еден руски класик со кринолини, вотка и балалајки, соочете се со вашите стравови и зачекорете смело, токму како што и Ана скокнала под воз", заклучува таа.

22 јануари 2013 - 07:46