Ангела Руиз Роблес ја пронашла нејзината „Механичка Енциклопедија" во 1949 - повеќе од половина век пред Киндл и нему сличните. Нејзината главна цел била да ја намали тежината на чантите на нејзините ученици, но и промовирање на читањето воопшто.
Апаратот работел на следниов начин: книги напишани на свитоци се намотувале на ротирачки калеми кои ги движи воздух под притисок. „Кутијата" според фотографијава можела да собере 4 книги. Добро, ова е далеку од сегашното симнување текстови од интернет, но во свет без него тоа изгледа како револуционерен пронајдок, кој е и многу подемократичен, со оглед на тоа дека може да се направи и самоделски.
Учителката, која во времето кога го промовирала имала 54 години и три деца, планирала апаратот да има и функција на зумирање, светло, звук и место за калкулатор. За жал во тогаш економски слабата Шпанија под режимот на Франко таа не можела да најде средства за негово масовно производство.
Прототипот сега се наоѓа во Националниот музеј на наука и технологија во Ла Коруња, чиј директор Рамон Нуњез вели дека Роблес била „единствена, не само во Шпанија туку и во светот. Лесно е да се види дека има само мал број жени кои се осмелиле да ги промовираат нивните пронајдоци и откритија. Фактот дека таа не е доволно позната, а имала таков исклучителен карактер, е загрижувачки".