1. Реклама за Beymen Blender - концептуален бутик за облека во Истанбул, нешто како Colette во Париз. Демиен Хирст барем ова го прави со крави (не дека и тоа ни се допаѓа). Најконтрапродуктивно - мотото на постерот, кое гласи: „Концептуална продавница со месара". И после кога ќе им дојде некој по пилешки стекови тој бил глуп.
2. Пак Турција (хм..). Генерално грда реклама за хулахопки со некаква турска жена-пајак.
3. Реклама за светло пиво Куперс направена од целосно машкиот тим на JWT Сингапур. Демек бидејќи пивото содржи само 2,9% алкохол тоа ќе ве чува од оптички илузии и радикални потези предизвикани од нив, па и покрај фината фацка на русокосава и цицките на другава, сепак ќе ги видите и нивните дебели раце, наочари и пеги. Ефектот на пивово врз жените би бил: освен неговата мрсна коса и смрдлив здив, би ги прозреле и неговите добри намери.
4. Австралиска реклама за некакви Mrs. Mac пити со месо koја гласи „Меко месо со крцкава корка". Да повториме, месо.
5. Девојките од Буенос Аирес со дооолги нозе. Добро, оваа може и не е толку лоша, освен што е ногоцентрична, а нозете преслаби.
6. Ама оваа дефинитивно е. „Само затоа што таа има добро тело не значи дека нема и ум" и „Гледањето на детето како нешто повеќе отколку што тоа е е погрешно", во комбинација со сликиве е нешто кое треба да предупреди дека имањето секс со деца е незаконски. И дека правењето вакви реклами е упат за на специјалист.