Bookbox

Митологијата на пропуштеното претпоставува дека некаде постои „правилна“ верзија на животот — паралелен тек во кој направивме подобри избори, стекнавме подлабоки искуства, тргнавме по „оптималниот“ пат низ лавиринтот од можности. Тоа е магиско размислување преправено во амбиција. Тоа е верување дека животот е тест со точни одговори.

На 11 јули е најавена премиера на нов филм за суперхеројот на Ди-си комикс. Иако денес е познат како ултимативниот американски господин Најс Гај, во 1930-тите тој не почнал на тој начин. 

Уметникот што здроби Тесла со огромна скулптура

Скулпторот Чавис Мармол нема автомобил, туку се движи со велосипед. Но тоа не го спречило во неговиот уметнички порив - да спушти реплика од девет тони од глава изработена по урнек на древните Олмечки статуи врз кров на Тесла. Сатиричен и ангажиран перформанс што стана хит на социјалните мрежи. 

Медалите на пријателството

Необична и инспиративна приказна за двајца јапонски спортисти, кои во далечната 1936, на Олимписките игри во Берлин, имале идентичен резултат во скок со стап. Организаторите не им дозволиле да го делат второто и третото место. Кога се вратиле дома, ги стопиле медалите и самите си ги поделиле.

Имате ли „книжевен дечко“?

Совршениот маж постои - барем на страниците на книгите. Тој е таканаречен „книжевен дечко“, лик во кој читателките се „зацопуваат“ иако знаат дека е фиктивен. Овој феномен постои со векови, но денес добива нова димензија, особено на социјалните мрежи.

„Љубовниот тепих" на Хемингвеј

Денешните стандарди за убавина велат дека згоден маж е оној чии гради се тасма депилирани. Но во времето на Хемингвеј да му кажеш некому дека не е доволно влакнест било удар по неговата машкост. Кога истото било поврзано и со критика на нечиј книжевен стил, тогаш тоа станувало причина за физичка пресметка.

Зошто е тешко да си сам свој коректор?

Чувството го знае секој оној кој манично се труди да нема грешки во неговите текстови. Го ц'цкаш, го препрочитуваш, и го објавуваш сигурен дека не ти се измолкнала ниту една буква. Но првиот читател веднаш ја забележува грешката за која ти при очи си бил слеп.

Што гледаме додека читаме?

Пред некој ден пишувавме за „слушањето гласови" додека се чита. Но што е со гледањето слики? Еден познат дизајнер на корици го истражува ова прашање во книга со токму таков наслов.

Ноќна прошетка низ Тејт со робот

Од утре, 13-ти август, па во следните пет вечери, со логирање преку интернет ќе можете да талкате низ галериите на британскиот музеј, контролирајќи еден од четирите роботи.

Трагичниот лик на комичарот

Случајот на самоубиство поради депресија, што во моментов се наведува како најверојатна причина за смртта на славниот актер, е повод да се потсетиме на старата вистина - дека исцртаната насмевка на лицето на кловнот, всушност ја крие неговата тага.

Дали слушате гласови додека читате?

Едно неодамна започнато истражување ќе се обиде да даде одговор на тоа дали и како читателите го слушаат она што го кажуваат ликовите во книгите. Ако и вам ви се случува ова (а немојте да кажете дека не, затоа што тогаш ќе се чувствуваме чудно) одговорете на прашалникот и учествувајте во него.

The Snowpiercer (2014)

Футуристичка трилер-акција во стилот на Матрикс или Игри на гладта, со дизајн како кај Вес Андерсон, и со алегориски и сатирични тонови, кои лесно ќе ги препознаете. Особено ако сте од задните вагони на возот кој забрзано ита, кон никаде.

Сликовница за џез музичарот кој тврдеше дека е од Сатурн

Музички визионер кој мислел дека е вонземјанин, човек кој самиот себеси се нарекол според египетско божество - на стогодишнината од раѓањето на Сан Ра многумина му ја оддаваат заслужената почит. Меѓу другото и со објавување книга за деца за неговиот лик и дело.

40 години од подвигот на „Човекот на жица"

На денешен ден, 7. август, пред точно четири децении, Филип Петит се прошета на жица оптегната помеѓу покривите на двете кули-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк. Зошто? За да покаже дека може.

Односот на Њујорк Тајмс кон американскиот сленг

Замислете колку би било цепки кога за секој употребен сленг на сајтов би ви нуделе и негов превод на литературен македонски. Епа токму тоа постојано го прави Њујорк Тајмс, и тоа во последниве 150 години.

2,600 години културна историја во 5 минути

Најнов производ во една област која доживува подем - визуелизација на комплексни бази податоци. Во случајов се работи за мапирање на местата на раѓање и умирање на битни културни фигури кои, иако се работи за распон од повеќе од два милениума, како да следат една иста шема: кај и да се селат, не се оддалечуваат многу од дома.

Калемењето како уметност

Сам Ван Акен работи на нешто кое на прв поглед делува како проект од областа на генетскиот инженеринг: дрво кое во себе содржи 40 различни типови овошки. Сепак тој не е ниту земјоделски инженер, ниту генетичар, туку - уметник.

Луѓето кои доаѓаат на културни настани само за да ќарат нешто гага

Ги знаете кои се, можеби и по име. Доаѓаат на културни настани, јадат, пијат, си земаат нешто и за дома во ќесички, буквално се грабаат за што и да се дели (книги, маици) и никогаш не сте на чисто кои се всушност овие луѓе. Еден фотограф од Чешка решил да ги овековечи на фотографии. 

Обележувач на страници кој ве потсетува да читате

Таман сте почнале да читате, нешто ви го одвлекува вниманието, и следните неколку денови (месеци, години) книгата останува осамена и нечепната, чекајќи да се сетите на неа. Е нема веќе така!

Режисерско деби на Спрингстин

Брус, во соработка со Том Зимни, кој последниве 14 години прави спотови и документарци за Шефот, го обелодени својот режисерски првенец - краток филм за една од песните на неговиот последен албум.

Книга со твитови на луѓе кои пишуваат книга

Нова книга под наслов „Работејќи на мојот роман" од Кори Аркejнџл е всушност компилација на твитови испраќани на @WrknOnMyNovel од луѓе кои се во тек на создавање на нивните книжевни дела.

Нова реклама на Линч за лак за нокти

Kултната серија Твин Пикс, која ги одбележа 1990-тите, неодамна наполни 25 години. Се изнапишаа куп анализи и ретроспективни есеи за откачениот стил на Линч, кој доследно си се држи до него. Дури и во најновата реклама за - лак за нокти.

После автокорегирање нема каење

Исто како и во случајот со огнот, ЛСД-то и црешовото топче, има такви пронајдоци кои се истовремено многу корисни за човештвото, но знаат и да „спржат“ ако невнимателно се ракува со нив. Опцијата за автокорекција на текст со години се усовршува за да не прави големи штети, па сепак дури и нејзините пронаоѓачи не одолеваат понекогаш да ја искористат за мајтап. 

Исповед на писател во сенка

Има напишано 80 книги и продадено 10 милиони примероци во текот на неговата 40-годишна кариера. А сепак никој не го знае под неговото вистинско име. Сè до сега.

Уметност од пораки на бездомници

Еден американски уметник, заради сопственото чувство на нелагодност и вина, почнува да ги откупува оние пишувани пораки со кои бездомниците и сиромашните се обраќаат на случајните минувачи. Собрани на куп, тие раскажуваат различни приказни, а некои од нив се обидуваат да бидат и хумористични. 

Чак Лор и пораките на крајот од епизодите од неговите серии

Има веројатно такви меѓу вас кои се сметаат за големи фанови на Two and a Half Men или на Big Bang Theory. Ајде да видиме - знаете ли дека по крајот на секоја епизода има порака, која за да ја прочитате морате да го паузирате видеото?

Кога филозофите се хејтаат меѓу себе

Oд Аристотел до Жижек, историјата на филозофијата е полна со примери на караници помеѓу оние кои ги славиме како мудри. Само што нивните хејтања се со малку повеќе стил, освен кога се стварно изнервирани.

Како да промовираш речник

Има ли нешто подосадно за рекламирање од речник? Врти-сучи, што и да смислиш пак мора да биде нешто што ќе ги убеди купувачите дека си академски настроен и сериозен. Или?

Ракија од инсталација на Бојс

Тројца уметници од Дизелдорф, кои варат ракија од уметнички побуди, решиле да направат една и од славно дело на Џозеф Бојс. Проблем - од него има останато само мал дел, бидејќи пред триесетина години една чистачка не сфатила дека се работи за уметност, и му го удрила џогерот.