„Сè што допираме" е фотографски проект на Пола Цукоти (Paula Zuccotti), индустриски дизајнер чиј фокус на интересирање е интеракцијата помеѓу културата и технологијата. Нејзината цел била да ја истражи спрегата помеѓу нас и предметите кои ни требаат, кои ги конзумираме, или кои едноставно ги допираме, и како тие ни помагаат (или ни одмагаат) да се дефинираме.
Таа замолила 26 луѓе од 11 земји да направат детален попис на предметите кои ги користат во текот на 24 часа, и тоа по хронолошки ред, и да ги сликаат еден по еден со мобилен. Потоа ги поставила фотографиите на големо платно и ги регистрирала со широкоаголна камера од висина, како сложувалка сликана од птичја перспектива.
Во декември излезе книга со фотографиите, а Цукоти планира да го направи сличен проект со јавни личности, како актери, политичари или спортисти. Јазикот на предметите според неа е универзален, и тој раскажува приказни на коишто не им е потребен превод.
Ако ги погледнете детално фотографиите на нив навистина има интересни работи. Нашиот избор:
- Ливчето на детето од Мелбурн на коешто пишува „Не ми ги допирајте работите" со прецртана рака
- Прслучето на девојката од Тунис (можеби е стомачна танчарка?)
- Безбол топче на некој Американец наспроти маската на змеј на некој од Шангај на слична возраст
- Контролерот за плејстешјн покрај традиционалното јапонско кимоно и ладалата во списокот на жена од Токио
Дејвид, 32, каубоец од Аризона
Арки, 8, Мелбурн
Еитаро, 32, Токио
Ванг, 50, Шангај
Лорин, 34, учителка, Лос Анѓелес
Софија Ел Араби, 32, Казабланка