Албумот на крај испадна не многу возбудлив, но со еден во моментов многу интересен детал - придружните вокали на Боуви на две песни.
Ден пред влегување во студио Јохансон седела до Боуви на некаква забава. Тој веќе знаел дека таа соработува со продуцентот Дејв Ситек на албумот, но не спомнал ништо за гостување. Сепак, додека Скарлет снимала филм во Шпанија продуцентот ѝ јавил дека Боуви навратил во текот на миксањето и снимил вокали за две песни. „Тоа беше најдобриот телефонски повик кој некогаш ми се случил", изјавила Јохансон.
Од своја страна по излегувањето на албумот Боуви на неговиот официјален сајт напишал дека песните на Вејтс се супер, а изведбите на Скарлет „мистични и кул", и дека тоа му било мотив да се придружи. Сепак не му се допаднало што неговиот придонес се прикажува како поголем од она што е за да се зголеми продажбата - „Сè што направив е да викам ооо и ааа на две песни".
Еве ги, а вие обидете се да го чуете Боуви на нив:
Fanning Street
Falling Down