„Па, требаше.." со поднаслов „Да научам да свирам пијано" е снимен со професионални џез музичари, кои не биле свесни за музичкото дунстерство на Бенџамин сè додека не влегле во студио. Кога виделе дека тој мава по клавирот без смисла (или барем не со очигледна музичка смисла), најпрвин се налутиле, но не доволно за да се откажат.
„Повеќето луѓе го нарекуваат ова неодговорно. Јас го викам џез. Она што ќе го искусите е аурално ауто да фе. Јас сум џез демон", вели тој во својот комичен стил, обидувајќи се да (не) го продаде албумот. Во ова пресмешно аудио интервју за NPR тој сепак признава (не без доза на иронија) дека неговиот проект е навреда за оние кои се навистина музички талентирани, a се обидуваат со години да влезат во студио, додека тој, ете, тоа го направил од заебанција. Истовремено, свирењето на неговите „колеги“ на албумот го коментира со „Нему му е лесно, тој не презема ризици, знае точно што прави“.
Но ништо од сето ова не можете да го разберете доколку не слушнете делови од албумот. Насловите на нумерите се нешто како „Јас не знам да свирам пијано" и „Јас не знам да свирам пијано, втор дел". И знаете што? Тој стварно не знае да свири пијано!