Славната слика прв пат била изложена во Парискиот салон во 1865 и ја шокирала јавноста, не толку заради голотијата, туку заради неколку детали коишто укажувале на тоа дека Олимпија не е некаква нимфа или историска фигура, туку проститутка, која бесрамно упатува поглед право во гледачот. Моделот за Олимпија, Викторин-Луиз Мерент му била омилена на Мане, но и самата била сликарка, чии дела биле изложувани во спомнатиот салон.
Сега уште една „бесрамна" уметничка се осмели да се соблече и да позира, овој пат пред самата слика, среде музеј. Де Робертис со себе носела и камера за да ја сними реакцијата на публиката. Но пред да има можност да сними што и да е, обезбедувањето ја затворило просторијата и таа била замолена да се облече. Откако одбила, била отстранета.
Ова не е прв пат таа да ја вознемири француската јавност - во мај 2014 ја покажа вагината пред „Потеклото на светот" на Курбе. Иако сликата е од типот „апла", чинот на Де Робертис беше оценет како скандалозен. Тоа, според неа, само ги покажува двојните аршини во дефинирањето на опсценото и срамното во уметноста, што доведува слики на голи жени од славни машки автори да се изложуваат во престижни институции и да се продаваат за големи пари, а реалните женски тела да бидат сметани за вознемирувачки и непристојни.