Славниот трубач Џон Биркс „Дизи" Гилеспи во 1964 самиот се прогласил за кандидат за претседател на САД, влегувајќи во замислената трка со Линдон Џонсон и Бери Голдвотер. Неговите приоритети биле повлекување на САД од Виетнам, лансирање на Афро-американци во космосот и преименување на Белата куќа во Куќата на блузот. И уште нешто за што најмногу жалиме - ветил дека ако победи за шеф на ЦИА ќе го стави Мајлс Дејвис!
Иако целата работа почнала како зафрканција, голем број граѓански организации го поддржале Дизи, направиле плакати и беџови со неговото име, а парите од нивната продажба оделе за Конгресот за расна еднаквост. Химна на поддржувачите била верзија на неговата „Солени кикирики", со стиховите:
Your politics ought to be a groovier thing
Vote Dizzy! Vote Dizzy!
So get a good president who's willing to swing
Vote Dizzy! Vote Dizzy!
(Политиката треба да ви биде по „груви"/Најдете си претседател кој сака свинг)
„Дизи за претседател" во 1997 станал и наслов на негов албум, концерт во живо оддржан во Монтереј во 1963
Ова додуше не е единствениот случај музичар да се кандидира за претседател. Имало и такви кои имале реални, а не шегобијни амбиции. Така, нигериската афробит ѕвезда Фела Кути се промовираше како кандидат во родната земја, додуша без успех. Неодамна хаитскиот музичар Виклиф Џин исто така покажа желба да се кандидира, но беше дисквалификуван заради проблеми со жителството.