Bookbox

Она кога експерти од областа на што и да е ќе ти кажат дека „тоа не е така“, дека треба да се аплицира на сто места и да се почне со работа само ако сумата е со пет цифри? Еден компјутерски инженер решил да истражува урбан звучен пејзаж само со - стар телефон поставен на раскрсница во Сан Франциско.

Животот на Курт Вонегат не бил лишен од иронија. Борејќи се во Втората светска војна, овој потомок на долга низа германски имигранти во САД се нашол заробен во Дрезден, токму кога градот бил уништуван од сојузничките бомбардирања. Бил заробен во кланица, мотив кој подоцна ќе се појави во неговото славно дело „Кланица 5“. И во останатите негови книги преовладуваат антивоени расположенија. Оттаму, чудно е да се замисли дека тој е автор на друштвена игра во која се води - војна.

„Ураган“ всушност бил древен бог кој правел р'шум

Јужноамериканските Маи верувале дека се во вселената, од природниот свет до секојдневните искуства, е дел од една единствена моќна духовна сила. Не биле политеисти (како старите Грци) кои обожувале одделни богови, туку пантеисти кои верувале дека тие богови се манифестација на таа сила. Еден од нив се викал Ураган.

Во германскиот официјално одобрена употребата на „идиотскиот апостроф“

Deppenapostroph е колоквијално име на интерпункциски знак кој не е карактеристичен за германскиот, туку долго време е користен како влијание на англискиот. Сега високо лингвистичко тело во Германија го одобри, откако сфати дека премногу се раширил за да може да се игнорира.

Букбокс друштвени игри: „Оханами“ – игра за медитативно искуство

Bода, зеленило, камчиња и црешови дрвја. Ова се составни делови на една зен градина, позната ширум светот како „јапонска“. Токму со нив играчите на „Оханами“ ја прават својата, натпреварувајќи се која од нив е поубава.

Во виното е книгата

Италијанската винарија Мате Кореџа и дизајнерската агенција Риверс Иновејшн се здружиле во проект кој ветува „средба помеѓу одлично вино и задоволство од читањето“.

„Пост-вистина“ е Оксфордскиот збор на годината

По ланскиот збор на годината, кој не ни беше класичен збор туку емотикон, оваа година Оксфордските речници изгледа решија да бидат малку поангажирани. „Пост-вистина“ не е нов термин, но беше актуелизиран во контекст на брегзит и претседателската трка во САД. Уште подетално, употребен како придавка, „пост-вистинита“ се користи со една специфична именка - политика.

Како Кафка ја изуми телефонската секретарка

Едно од нај „кафкијанските“ доживувања е кога некој итно ви треба а на неговиот телефон ви се приклучува телефонска секретарка, или кога заглавувате во лавиринт на говорни автомати со првото „за тоа и тоа притиснете 1“. Идејата за ваквата технологија можеби потекнува токму од Кафка?

Запознајте го уметникот Еди Рама, премиер на Албанија

И покрај купот инфраструктурни, економски и други проблеми во Албанија, нејзиниот премиер наоѓа време и за сликање. Во моментов е во тек негова изложба во една од врвните светски галерии.

Фотографот што ги сликаше истите луѓе 40 години подоцна

Болничарот Крис Порс (Chris Porsz) олабавувајќи се од стресот на работа во 70-тите и 80-тите киснел на улиците на Петерборо, Англија, сликајќи ги панкерите, полицајците, љубовниците и тинејџерите. Скоро четири децении подоцна тој се враќа во градот и ги слика истите луѓе. Ефектот на „пред“ и „потоа“ е одличен.

„Таруф“: зборот со којшто се одбива она што се сака

Оние неупатени во персиската култура несакајќи можат да се избрукаат кај нивните домаќини. На пример ако веднаш го прифатат понудениот пијалок, или ако инсистираат сами да си ја платат сметката.

„Милји понапред“ (2016)

„Ова не е филм за Мајлс Дејвис“, би требало да гласи првата реченица од освртов. Затоа што мешавината на факти и фикција во него главно тежи на страната на измисленото, замисленото, сеченото и лепеното од животот на славниот трубач.

Збогум, Леонард

„Жива си? Затоа што Леонард не е“, ми пишал Трендо на СМС, откако не сум му одговарала на Скајп. „Ни преминал шизиков, се насеќаше“. „А дека мислев дека Коен е мртов веќе од пред некој месец?“, го полнеле сандачето други, обидувајќи се да ме разбудат.

Како Марина Абрамовиќ се најде среде скандал поврзан со Хилари?

Славната уметница стана жешка медиумска тема откако нејзиното име се појави меѓу „истечените“ мејлови на Џон Подеста, шефот на претседателската кампања на Хилари Клинтон. Спорниот мејл е покана за вечера во организација на Абрамовиќ, наречена „Готвење на духот“ (Spirit Cooking). Нормално, кога е во прашање таа, ова не звучи како на менито да имало сарма.

Второ издание на ЕТНОФФ

По успешното прво издание од минатата година, Фестивалот на студентски етнолошки филмови во сабота 12.11 повторно е во Кинотека, каде ќе се прикажат петнаесет одлични студентски филмови

Иронијата е крива за сè

Доналд Трамп, чиј лик и дело беа мета на силни иронии, цинизми и сарказми од страна на неговите противници, сепак успеа да влезе во Белата куќа. Ш’о така?

Генијалната писателка која исчезнала на 25 години

Годината е 1923. Едно девојче седи само во собата, загледано низ прозорецот во шумата зад нејзината куќа. На работната маса стои машина за чукање на татко ѝ, на која таа од време на време нешто запишува. На 12 години од тие записи го објавува првиот роман, „Куќа без прозорци“, кој зборува токму за чудесноста на шумите во нејзиниот роден Њу Хемпшир. Критиката ја нарекува дете-гение, книжевна ѕвезда. Зошто тогаш денес никој не се сеќава на неа?

Eмпатијата не чини

Кој би можел да тврди дека ставањето во туѓа кожа, и согледувањето на работите од негова гледна точка, би можело да штети? Нели токму сочувството и емпатијата нè прават луѓе, а не себични ѕверови? Епа, не баш.

„Дали сум Ози?“ (Am I an Aussie?) од Владо Јаневски

Не, не е Владо Јаневски пејачот. Овој Владо има заминато од Македонија пред 27 години за далечната Ос(з?)трелија. Доволно време за низ цртеж и текст да се запраша - дали конечно станал „тамошен“?

Малите животни порази

Кога во утринско бунило пакуваш сендвич со онаа проѕирнана фолија и завршуваш заплеткан во куп пластика. Кога само што си ја поминал со метла терасата, дува ветар и повторно го расфрла ѓубрето. Кога конечно си го нашол норвешкиот филм, ама „ноу сабтајтлс фаунд“. Куп мали животни порази, кои најчесто ги надминуваме со пцовка или со блага воздишка. Ама одиме понатаму, затоа што - живот.

Така не зборуваше Заратустра

Можеби е заради неговиот карактеристичен мустаќ, или е до фактот дека зборувал во афоризми лесни за цитирање, ама Ниче е еден од најзастапените филозофи во поп-културата. Истовремено е и најнесфатениот.

Партенон изграден од забранети книги

Повеќе од 100,000 книги ќе станат споменик на интелектуалната слобода во Германија, во инсталација која ќе се постави следната година.

Ноам Чомски и теоријата на велосипедот

На 87 години, Ноам Чомски, кого го нарекуваат основач на модерната лингвистика, сè уште е активен во американскиот јавен живот. Две нови критички настроени книги деновиве повторно го актуелизираа неговиот лик и дело. Тој пак вели дека успева да остане во форма заради „теоријата на точакот“.

Историја на писмата кои мора да ги препратиш за да не те бие малер

„Ова е кинеско писмо за среќа. Веќе 8 пати го има обиколено светот. Не е шега! Испрати 20 копии, и во наредните денови ќе добиеш добри вести. Не праќај пари, затоа што парите не купуваат среќа.“

Студија која одговори на прашање коешто воопшто не беше ни поставено

Еволутивниот биолог Докинс, заедно со непрежалениот ни Хиченс, се имињата кои први ни паѓаат на памет кога станува збор за кршење копја помеѓу современите атеисти и верниците. Вториов со време се спаси, и замина на оној свет бескомпромисно предаден на неговата невера. Вториов уште ќе го крка.

Тајниот живот на нашата коса

Човечката коса е чудна материја, истовремено и отпад и скапоцен производ. На местото каде паднало само едно влакно од главата на Буда е изградена златна пагода - ама ако најдете едно влакно во јадењето, тоа е грозно. Перчиња коса се чуваат и како спомен од бебиња, и како реликвија од умрени. Без оглед дали е фетиш или суровина, косата раскажува многу приказни.

„Слободната држава Џоунс“ (2016)

Базиран врз вистинска приказна од американската Граѓанска војна, филмот раскажува за гневен земјоделец и дезертер од југот, кој станува водач на пара-војска составена од сиромашни белци и одбегнати робови. Со нив формира слободна територија на која важи едно основно правило - „човекот е човек“.

Приказната за сексот: од мајмуни до роботи

Од древните грчки оргии и вибраторот на Клеопатра полн пчели, преку смерните викторијанци, до сексуалните вештини на Индија, нашите (човечки) сексуални копнежи и реализирани ќефови отсекогаш биле разновидни. Нов стрип напишан од познат сексолог ја следи не само историјата, туку и можниот развој на настаните на полето на физичкото општење.