Bookbox

Јужноамериканските Маи верувале дека се во вселената, од природниот свет до секојдневните искуства, е дел од една единствена моќна духовна сила. Не биле политеисти (како старите Грци) кои обожувале одделни богови, туку пантеисти кои верувале дека тие богови се манифестација на таа сила. Еден од нив се викал Ураган.

Deppenapostroph е колоквијално име на интерпункциски знак кој не е карактеристичен за германскиот, туку долго време е користен како влијание на англискиот. Сега високо лингвистичко тело во Германија го одобри, откако сфати дека премногу се раширил за да може да се игнорира.

Дали ви се има случено „Тетрис“ ефект?

Кога сте толку многу и толку долго задлабочени во една работа, посветувате големо количество време, напор и концентрација, што тоа нешто почнува да ви доминира во мислите, соништата и другите искуства кои не се директно поврзани со активноста. E, тогаш може да кажете дека сте „тетрисирани“.

Од каде името „сапун“?

Неодамна присуствувавме на работилница за правење природен сапун, каде во воведот се спомна нешто на што никогаш не сме помислиле - од каде името на плочката што пени и меури?

Девојчето што беше киднапирано од амазонски племиња

Еден од најзначајните антрополози на 20 век е можеби жена за која ретко кој слушнал. На 11-годишна возраст била киднапирана од племето Јаномамо, земјоделци од Амазон, па така знаела за што зборува кога го опишувала нивниот живот. Сепак, никој од академската заедница не ѝ обрнал внимание, иако нејзините искуства можеле да исправат некои погрешни претстави и да ѝ овозможат поспокоен живот, откако еднаш избегала во „цивилизација“.

Жената-истражувач на мозоците на ментално болните која полуде

Во нова книга Барбара Липска опишува како го преживеала ракот кој се проширил до мозокот, и како болеста ѝ го променила и начинот на мислење, и карактерот, но и природата на менталните болести кои самата ги истражува.

Нова алатка на Гугл овозможува да „зборувате“ со книги

Одделението за истражувања на Гугл започна проект наречен Семантички искуства - сајтови на кои преку интересни активности се демонстрира способноста на вештачката интелигенција да разбере како зборуваме (и мислиме).

Ракописите на Кобејн, Боуви и Коен претворени во фонтови

Нов проект под мотото „пишувајте песни како оние кои ве имаат инспирирано“, користи букви и ноти напишани од раката на познати музичари за да создаде фонтови кои го имитираат нивниот ракопис.

Кендрик Ламар доби Пулицер!

Прв пат во 75-годишната историја на престижната награда, која се доделува во областа на новинарството, книжевноста и музиката, во последната категорија признанието не го доби дело од џез или од класика. Албумот Damn на Ламар, за кого ја доби наградата, како и целото негово творештво, додуша е мешавина од многу нешта.

Некогаш револуционерниот прирачник за жени ќе престане да се печати

„Нашите тела, ние самите”, прв пат објавена во 1970-тите, предизвикала револуција заради третманот на до тогаш табуизираните теми. Сега, организацијата која ја издава книгата повеќе од 50 години изјавува дека ќе престане со печатење нови примероци. Oбразложението - жените веќе не зависат од книги за да се информираат за сопственото здравје и сексуалност.

Имало Фројд и пред Фројд

Има (бар на македонски) интересно име: Рихард фон Крафт-Ебинг. Бил психоаналитичар и сексолог кој работел на ова поле уште во 19 век. Кој му е крив што после него дошол Фројд, кој врз него фрлил голема историска сенка. А баш убаво ќе стоеше место „фројдовско“ ова или она - „ебинг-ово“.

Во чест на Форман: малку познати факти за „Амадеус“

Јан Томаш Форман, попознат како Милош Форман, славниот режисер на „Лет на кукавичјето гнездо“ и „Коса“, почина на 86 години. Еден од неговите најуспешни филмови беше и незаборавниот „Амадеус“. Еве неколку помалку познати моменти околу неговото снимање.

Европските издавачи се паразити на грбот на авторите од сиромашните земји

Ова го тврди Фарук Шехиќ, добитник на наградата на ЕУ за литература за 2013 за романот „Книга за Уна“. Вели, да не било тоа немало да знаел какво дно се издавачите од земјите кои важат за цивилизирани. Би било интересно слични искуства да пренесат и наши преведени автори во Европа, онолку колку што ги има.

Заборавената музичка супер-ѕвезда на Романија од времето на Чаушеску

Родион Росча создавал неверојатна мешавина на поп и електронска музика во времето на студената војна во Романија. Во татковината го слушале милиони, но надвор од неа никој не го знаел. Неговата приказна е добра основа за филм.

Златен занает - рачната работа како клуч за среќа

Дури три нови книги, секоја од свој агол, ја промовира терапевтската вредност на тоа да се занимаваш со некој занает. Плетење, косење со срп, правење ракија, шишање нечија коса. Тие функционираат како заеднички напор да се контекстуализира, вреднува и промовира чинот на правење нешто со сопствени раце.

Изложба посветена на текстилните работници во Бангладеш и САД

Уметницата Рејчел Брин и поетесата Алисон Морз укажуваат на тешките услови за работа на текстилните работници, поттикнувајќи ги гледачите критички да се осврнат на својата потрошувачка на облека.

Потерница по жена која украла камен од инсталација на Јоко Оно

Една од оние „лајтерици“ вести, ама кои имаат и мета димензија. Затоа што на украдениот камен, вреден 17.500 долари, пишувало - „Сакај се себеси“.

Совршена несовршеност: портрети на кучиња кои живеат со хендикеп

Нашиот овогодишен Фестивал на јадење книги е посветен на такви книжевни дела чии главни ликови се животни. Кучињата, на пример, во голем број од нив се симбол на лојалност и упорност. Па дури и кога се повредени или трајно хендикепирани, како овие во нова книга портрети на малку поинакви но крајно симпатични кученца. 

Koга научниците експериментирале врз самите себе

Етиката на експериментирање на луѓе е „трусно“ подрачје, дури и кога постои таканаречена „информирана согласност“ и компензација за времето и ризикот со кој се соочуваат волонтерите. Можеби токму затоа, или заради некаква луда посветеност, се познати примери на научници кои изведувале експерименти врз самите себе. Еве тројца такви.

Tројца членови на Нобеловиот комитет за литература поднесоа оставки

Поради долго прикриван сексуален скандал, комитетот познат по доделувањето на престижното признание за литература се наоѓа во ситуација без преседан во својата историја. 

Невидливо дело кое ја потсетува Австрија на нејзиното нацистичко минато

Хелденплац или Плоштадот на хероите е лоциран во самото срце на Виена, полн со локални минувачи и со туристи. Од март, па во следните осум месеци, тука ќе се одбележуваат 80 години од анексијата на Австрија од страна на нацистичка Германија. На еден необичен начин - со морничави звуци на прсти кои минуваат по раб на чаши.

„Обликот на времето“ - изложба во Уметничко-историскиот музеј во Виена

Што ако делата на старите мајстори од колекција која покрива неколку илјади години ги спариш со такви на модерни и современи уметници? Добиваш приказна која надминува историски епохи, трендови и стилови, и кажува нешто повеќе за човечката состојба. Онаа на секој човек, насекаде. 

Ако сте го виделе Господ овие научници сакаат да зборуваат со вас

Истражувачи од медицинскиот факултет при Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор, чија област се променети состојби на свест под влијание на психотропни супстанци, ги канат сите оние кои сметаат дека имале „средби со нешта што изгледаат како автономни суштества или ентитети“, да се пријават како волонтери во нивната студија.

Реиздаден електронскиот албум на Урсула Ле Гвин

Во 1980-тите, славната авторка на научна фантастика учествуваше во правењето на албумот "Music and Poetry of the Kesh", аудио дополнување на нејзин роман од истиот период. По нејзината смрт овој јануари, тој сега е реиздаден.

„12 правила за животот: противотров за хаосот“ од Џордан Питерсон

Книга за самопомош, за поединци, но и за цела една култура. Опис на еден поглед на свет, со кого не мора целосно да се согласувате, но кој е сепак одважен чин на човек, кој со она оружје со коешто располага - својот ум и искуство - излегол на интелектуалното и животно боиште.

Надја Буланже, или највлијателниот педагог по Сократ

Списокот на оние на кои таа им има предавано изгледа како енциклопедија на највлијателните музичари на 20 век. Била и прва жена-диригент на најголемите симфониски оркестри во Европа и САД.

„Бесмртниот живот на Хенриета Лакс“ (2017)

Филм за една од оние историски „невидливи“ хероини, која незнаејќи повлијаела на борбата на човештвото со различни болести. И тука на ниво на приказна има многу штоф, кој за жал не е искористен како што треба. Добра вест е што тој поттикнува интерес за темата кај помалку упатените, кои ако бидат доволно пост-филмски упорни, ќе научат нешто за развојот на генетиката и бесмртните ХеЛА клетки.

Дебитантскиот роман на Шон Пен е многу лош

„Писателот Пен мора да биде сопрен“. „Дебитантската книга на Пен - одбивна и глупа“. Вака гласат критиките на Bob Honey Who Just Do Stuff, првиот роман на славниот актер, со кратка кариера на меѓународен репортер и екс-маж на Мадона.