Вашата омилена априлска книжевна манифестација - приготвување храна која асоцира на книги, книжевни ликови и автори, со натпреварувачки карактер. Фестивал направен од ќеф, без државни спонзори и реклами. По осми пат на улица Ленинова, во сендвичарата Пепер, на 20.04.2018 (петок) од 17 часот.
Главна тема оваа година - Животни во книжевноста. Прасето Сноубол, дивата свиња Наполеон, магарето Бенџамин и коњите Боксер и Кловер од „Животинска фарма“.Тигарот од „Животот на Пи“. Галебот Џонатан Ливингстон. Диносаурусите од Џурасик парк. Гавранот од Едгар Алан По. „Трчај, зајко“ на Џон Апдајк. Може и по некој инсект. Или животно од нечија фантазија, исто толку реално колку и оние од Животинско царство.
Покрај оваа, главната, се прифаќаат и секакви други дела, се додека се јадат или пијат и имаат врска со книги. И оваа година најдобрите ќе бидат одбрани со гласање на присутните во 19 часот.
Пуштете ја фантазијата да ве води, а рацете да работат!
ФБ настан тука
Галерија од минатата година тука