Списокот на ентитетите од интерес на студијата вклучуваат духовни фигури (божества од различни религии), починати членови на семејства, животни, чудовишта и кловнови. Прашалникот се однесува на средби со нив по земање на специфична супстанца наречена Н, Н-Диметилтриптамин (DMT). Она што волонтерите ќе треба да го споделат е дозата која ја зеле, сетилата преку кои го перцепирале „тоа“ (вид, слух, допир или телепатија), и доколку искомуницирале со ентитето, како и што дознале од него. Ова е продолжение на претходно истражување на истиот тим за мистични искуства и такви блиски до смртта.
Иако DMT се произведува природно, и може да се земе во различни форми, тој е илегален во Британија и во САД. Истовремено, тој е главна психоактивна состојба во ајауаска, традиционален духовен напиток (на фотографијата горе) користен од домородното население на Јужна Америка. Шаманите ја прават церемонијалната пијачка од разни билки, од кои повеќето содржат DMT, а другите оневозможуваат тој да биде разложен во стомакот.
Неколку познати актери и музичари имаат проговорено за своите искуства со ајауаска, меѓу кои и Стинг. Еве едно малку „трипи“ видео во кое раскажува за тоа:
Претходно: Осврт за „Светлина на работ од светот“ - книга на ботаничар кој истражува билки кои во различни култури се користат како психоактивни супстанци