Едното око на Веџемајт е постојано затворено. Бли Пип е игриво кученце кое заради кожна болест го има загубено крзното. Раул е делумно парализиран. Во нова книга фотографии издадена од австралиската издавачка куќа ABC Books, Алекс Кернс, која во моментов важи за еден од најпознатите фотографи на животни во светот, претставува 60 „совршено несовршени кучиња“, со сета нивна симпатичност и веселост, и покрај хендикепот.
Насловот на книгата, Dogged Determination, е англиски израз кој се употребува за некого кој е одлучен да продолжи со нешто и покрај тоа што тоа нешто е тешко или опасно. Такви се и овие животни, кои се кучешки упорни да опстојат, секако со голема помош и на луѓе како Алекс.
„Ова се суштества кои се родени без очи, кои загубиле нога, кои се уште имаат лузни од малтретирање“, вели фотографската чија љубов кон кучињата датира од детството, кога живеела на село, опкружена со овие животни. Сиот приход од продажбата на книгата оди за Австралиската фондација за истражување на рак на животни. А еве некои од портретите, кои ја промовираат различноста не само на кучињата, туку и на се што е живо.
Jaпонско пекинезерче по име Веџемајт кое останало без око откако го нападнало друго, поголемо куче
Лејди Брд, слепа на двете очи поради глауком
Раул, француски булдог, повредил р’бетен пршлен што му предизвикало парализа на задните нозе
Арија, се родил слеп на едно око и со деформитет на черепот
Териерчиња родени со кожна болест заради која им е опаднато крзното