Bookbox

Даниел Клепнер развил атомски часовник кој е од суштинско значење за системите за глобално позиционирање. Со други зборови, она што овозможува да знаеме каде сме и како да стигнеме онаму кадешто сме тргнале - не филозофски туку баш физички.

Намерно го ставивме името во наслов, за да не излезе дека тој (насловот) е за некаков расказ или друга фантазмагорија. Ама понекогаш животот ја надминува фантазијата.

Уште еден скандал со лажен мемоар

Пар на своја 50-годишна возраст прави лоша инвестиција и губи големи пари. Наскоро стануваат бездомници, а сопругот е дијагностициран со тешка болест. Немајќи друго чаре, тие почнуваат да пешачат, над 1000 километри, живеејќи од добрината на непознати. Вдахновена приказна, само, дали е вистинита?

40 години од Лајв Ејд: кога рокенролот го освои светот

Ако прашањето за некои повозрасни генерации гласеше - каде бевте дента кога се случи атентатот на Кенеди? - така за генерациите кои беа барем во основно во таа 1985-та беше важно каде беа и што правеа на 13 јули истата година. Затоа што без оглед на утописката замисла да се нахрани светот, една идеја го сплоти преку музиката. 

Ерик Ајдл: „Ништо не е посмешно од луѓе што не се смеат“

Koга во 2021 излезе веста дека поранешниот Монтипајтоновец е дијагностициран со рак на панкреас, нештата не изгледаа добро. Но сега, откако го преброди најлошото, на 83 години Ајдл се подготвува за првата Британска турнеја од 1973. Во интервју за Гардијан тој одговара на прашања поднесени од негови колеги и обожаватели. 

Нешта кои ги научив(ме) во 2024

Обично годините кои се зад нас ги оценуваме како добри или не толку добри во зависност од личните или глобалните околности - војни, пари, здравје. Но кога би ги проценувале во однос на тоа што сме научиле, нештата би можеле да бидат поинтересни и да мотивираат списокот следната да биде уште поголем.

Наследникот на хотелот Риц кој го научил Хемингвеј да лови риба

Чарлс Риц бил француски хотелиер, бизнисмен, но и експерт за мушичарење. Еден настан поврзан со ослободувањето на Париз од нацистите довел до негово познанство со „Хем“, кому му пренел нови методи и финти за рибарењето со мушички.

„Сабја“ не е само серија за атентатот врз Ѓинѓиќ туку и за современите медиумски (не)слободи во Србија

Од некаков уметнички аспект, серијата која ги прикажува настаните пред и по атентатот на поранешниот премиер Ѓинѓиќ, можеби и не е некој врв на телевизијата. Но детали од неа, особено таквите поврзани со новинарската работа во Србија на почетокот на овој век, се баш погодени, за со истите (носталгично) да се спореди денешната ситуација. 

Италијанскиот град кој секоја зима станува една голема друштвена игра

Зого дел'Ока e традиционален настан кој се одржува во Мирано, град во пошироката област на Венеција. Секој ноември жителите ги зафаќа „гускино лудило“ - целиот град е украсен со постери на гуски, а главно јадење по кафаните се колбаси и равиоли направени со месо од оваа птица. Плус, на главниот плоштад се организира друштвена игра.

Кога Божик цели 22 години бил официјално забранет

И денес многумина се противат на комерцијализацијата на празник кој во суштина би требало да се врзува со солидарност, споделување и скромност а не со потрошувачко лудило. Многу порано од современите поплаки, истово ова го тврделе и дел од американските колонии. 

Првиот семафор на светот работел на плин

На 9 декември 1868 во Лондон прв пат е поставено нешто налик на денешниот семафор. Отпрвин, реакциите на него биле помешани. Но потоа еден несреќен случај одеднаш го збришал целиот проект. 

Сара Џесика Паркер е член на жирито за Букеровата награда за 2025-та

И вие реагиравте со „од кај сега ова“? Ѕвездата на „Сексот и градот“ и самата била збунета кога ја добила оваа понуда, да биде дел од панелот кој ќе одлучува кој ќе ја добие престижната книжевна награда. 

Книги на 2024: „Сум слушнал дека постои таен акорд: музиката како лек“

Од авторот на бестселерот „Ова е твојот мозок на музика“, Дaниел Џ. Левитин, оваа книга продолжува да ги открива длабоките невролошки врски помеѓу музиката и подобрувањето или одржувањето на здравјето.

Најчудниот наслов на 2024-та воопшто не е чуден

Малку сме разочарани од исходот на овогодинешната награда Букселер/Дијаграм, која изминатите години (а се доделува цели 46) никогаш не изневерила. Можеби уредниците по издавачките куќи се станати повнимателни кога одредуваат наслов или пак самата публика што гласала овој пат не била толку шегобијна.

Букбокс гледаше: „Жената во песочните дини“ (1964)

Koга ќе се спомнат непрегледни песочни простори во книжевноста и филмот првата асоцијација е на „Дина“ на Френк Херберт - негостољубивата пустинска планета Аракис, која во себе крие огромни предизвици, но и моќ за оние кои ќе научат да живеат во и со мистериозниот песок. Но еден јапонски писател уште во 1960-тите го искористил истиот симбол за да направи врвно егзистенцијалистичко дело, преточено во исто толку моќен филм.

На 75-тиот роденден на Вејтс и 50-годишнината од „Барајќи го срцето на саботната вечер“: песната што Том му ја посвети на Керуак

„На патот“, романот на Џек Керуак од 1957, е точно тоа што се најавува во насловот - опис на патувањата на авторот и неговите пријатели низ САД, авантура исполнета со многу џез, поезија и дрога. Во него се препознаваат голем број клучни фигури на битничкото движење, како Бероуз и Гинзберг. И онаа меланхолија од чиј извор пиеле и многумина после нив.

Книги на 2024: „Посмртниот живот на податоците“

„Што се случува со вашите информации кога ќе умрете и зошто тоа би требало да ве загрижува?“ е поднасловот на оваа книга на Карл Оман, професор по политички науки на Универзитетот во Упсала, Шведска, чиј интерес е етиката поврзана со нашето „дигитално тело“, откако истото ќе се претвори во труп.

Политичка коректност наспроти фолклор: германски остров згасна традиција на удирање жени со рогoви

Повеќето луѓе во Германија ја поврзуваат прославата на Св. Никола со традицијата децата да оставаат исчистени чевли близу влезната врата вечерта на 5 декември, а следниот ден да ги најдат наполнети со мали подароци. Но има и региони, како Баварија, каде дедо Божик има мрачно алтер-его, Крампус. Влакнестиот демон има различни локални имиња и е дел од фолклорни прослави кои влучуваат страшни костими и процесии. 

Македонската гајда, јапонското саке и босанската севдалинка помеѓу новите ставки на светско нематеријално културно наследство на УНЕСКО

Од 2-7 декември во Асунсион, Парагвај, се одржува 19-тата сесија на Меѓувладиниот комитет за заштита на нематеријалното културно наследство. Денес, 5 декември, е изгласан заедничкиот македонско-турски предлог за на листата на ова наследство да се најде македонската гајда односно турскиот тулум. 

Вдовицата која ја создаде индустријата на шампањ

Филмот „Вдовицата Клико“ (2023) ја раскажува приказната за Барб-Никол Понсардан Клико, жената заслужна за династијата на производители на шампањ, Вев Клико. Не е необично што името на брендот гласи токму така, бидејќи „Големата дама на шампањот“ почнала да се занимава со овој бизнис точно по смртта на нејзиниот сопруг, обидувајќи се да се спротивстави на тоа лозјата да ѝ бидат одземени, затоа што не доликувало жена да води таков бизнис. 

Зошто се викаат „сапунски опери“?

Ова е вообичаениот назив за серијалите кои долго време биле емитувани во дневни термини по телевизиите - евтини продукции со многу  мелодрама. Точно како музичките мелодрами од пред три века. А за сапунот се заслужни производителите на средства за чистење, кои преку нив им се обраќале на своите најголеми муштерии - жените.

Правилото на „ќелав-со коса“ на руската политика

Секако дека не е закон или правило во вистинската смисла на зборот. Но статистиката покажува дека по еден руски лидер со коса, доаѓа друг без неа и така во низа која трае од 19 век. По оваа логика по Путин би требало да дојде некој со повеќе влакна на главата. 

Зошто грејпфрутот е „нуклеарно“ овошје?

На сликата долу е црвен (некои го викаат и „крвав“) грејпфрут, кој официјално се вика Рио Стар. Тој е највообичаено одгледуваниот вид во Тексас, а од 1993 е и официјалната овошка на оваа држава. Историјата на неговото создавање има врска со - радијација. 

Како Хрватот Хуан (Иван) Вучетиќ прв расветлил убиство со помош на отпечатоци?

Името кое најчесто се спомнува кога станува збор за научното докажување на уникатноста на човечките отпечатоци е Франсис Галтон, познат и како внук на Дарвин. Но сепак имал и претходници кои го трасирале патот за во 1892 да се случи првото расветлување на случај со помош токму на овие докази. 

Kниги на 2024: „Свила: светска историја“

Во областа на научно-популарните книги оние со еден збор во насловот по правило добро поминуваат, како „Сол“ или „Сапиенс“, затоа што асоцираат на сеопфатност и авторитетност во однос на таа една тема. Кога е во прашање оваа книга на Аарати Прасад, таа е навистина опишана како „детален преглед на темата на природни текстилни влакна“, поконкретно на свилата. Знаевте дека ја произведуваат и пајаци и школки?

Пред модерните апликации за следење, љубоморните сопружници користеле - педометри

Ништо не е ново на Земјата, па ни обидите да се следи движењето на блиските, што поради безбедност, што од пуста желба за контрола. Педометрите во времето на нивната поупларност служеле за разни цели, па и за собирање на нешто што денес би го нарекле „приватни податоци“.

Јадењето банана од 6.2 милиони долари од еволутивна перспектива

Човекот не е ништо поразличен од животните кога станува збор за пување, со физичка сила или со поинаков вид статус и моќ. Во случајов чинот на јадењето на „уметничкото дело“ - банана со селотејп - од страна на нејзиниот сопственик што беше пренесувано во живо не е ништо поразлично од она кога паунот ќе ја рашири опашката, сигнализирајќи - видете колку ми е голем(а)!

На некогашниот Ден на Републиката: зошто треба да се прочита „Бланк“ на Феѓа Штукан?

За оние кои не го знаат, Феѓа е актер, пилот и писател, кој поминал низ ужасот на босанската војна како дел од специјалните единици на армијата на БиХ. Од таму излегува глумејќи дека е психички пореметен. По војната дипломира на Академијата на сценски уметности во Сараево од каде започнува неговиот подем во светот на филмот. Но помеѓу сето ова има голем број „бланко“ места пополнети со дрога, смрт на блиски, но и верба во луѓето и во животот.

Ви застуди денес? Погледнете го филмот за жената што нурка под мраз само во костим за капење

Нејзиното презиме гласи „северна крв“, а прекарот „балтичка харинга“. Обете совршено ѝ одговараат, бидејќи таа до неодамна го држеше рекордот за слободно нуркање под мраз. Само што ја гледате на екран почнува да ви ѕемне снагата, а не па да ставите прст во водата.