Liff ја означува „секоја книга чија содржина е целосно дискредитирана со она што го пишува на нејзината корица. На пример, книгата на која пишува 'Оваа книга ќе ви го промени животот'". Или зборот 'woking' кој го опишува мигот кога ќе влезете во кујната и сфаќате дека сте заборавиле по што воопшто сте дошле.
„На сите ни се случува ова", објаснуваше Адамс, „но со самото тоа што не постои збор кој тоа го означува, сите мислат дека им се случува само ним. Утешно е да се знае дека и другите се исто толку глупави, дека сите сме го доживеале тоа искуство - да стоиме во кујната и да се прашуваме по што сме дошле".
Речникот доживеа продолжение во 1990., со „Подлабоката смисла на лиф", но во 2001. Адамс почина, и од оправдани причини беше спречен да ја продолжи оваа лингвистичка активност. Сега, неговите пријатели Џон Флојд и Џон Кантер, како и ќерката на Адамс Поли, со здружени сили напишале ново издание на речникот, кое ќе биде објавено во август 2013., 12 години откако Адамс умре на возраст од само 49.
Повеќе примери на зборови од типот на ’лиф’ тука.