- Во коментар објавен на порталот „Умно“ Весна Ивановска-Илиевска зборува за напливот на „петкаши“, кој не се случува само во „Орце“, туку и во средните медицински училишта во Скопје и во Битола. Ама веројатно „Орце“ како „јака“ гимназија е поатрактивна за јавноста. На пример, лани во медицинското училиште во Скопје беше спроведен квалификационен испит за насоката медицинска сестра на албански наставен јазик. Ама никој ниту крена џева, ниту ги анализираше бодовите од тестирањето и реалните оценки што ги заслужија учениците.
- „Во Македонија образовни реформи се спроведуваат со децении, ниедна не е направена како што треба. За два месеца почнува новата учебна година, абер нема од новите наставни планови и учебниците за (веројатно) второ и петто одделение. Средното образование како ’поглавје’ никогаш не беше ни отворено. Сè уште го чекаме новиот закон за средно образование. Пред околу пет години беше донесен Закон за високо образование и тука сè застана. Науката… ќе чека подобри времиња.“
- „Што мислите, што се случува во главата на еден ученик што не добил повисока оценка од двојка-тројка по еден предмет, а ќе си види петка во свидетелство? Како очекувате да се однесува кон својот наставник идната година? Со почит?! А како се чувствува оној ученик што секој ден учи, оди на натпревари, вложува во себе кога ќе види дека се исто оценети?!...Сетете се на ова следниот пат кога ќе земете телефон во рака за да барате двојката да стане петка. На 10 јуни.“
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.