Радиумот бил откриен од Марија Кири и нејзиниот сопруг Пјер во 1898. Во 1903, Кралската академија на науки ним, како и на Анри Бекерел, им ја доделил Нобеловата награда за физика, со што Марија станала првата жена која го добила ова признание. Подоцна, во 1911, таа ќе го добие вториот Нобел, за изолирањето на радиумот, откривањето на друг елемент (полониум) и за нејзиното истражување на тогаш новиот феномен на радиоактивноста, термин кој самиот го создала.
Во 1910 радиумот бил произведен синтетички во САД. Но пред да станат јасни реалните ефекти на радијацијата, радиумот почнал да се применува на места кои денес би ги нарекле неверојатни, а поради неговите наводни магични и исцелителни својства.
Така, германската компанија Берк и Браун помеѓу 1931 и 1936 произведувала „Радиумско чоколадо“, кое го рекламирале како храна што подмладува и слоганот „Јадете го ова и чувствувајте се прекрасно“. Подоцна британските хемичари го нарекле „чоколадо за самоубијци“, но тоа не значело целосен прекин на производството и на потрошувачката. Чоколадото со радиум продолжило да се троши во домаќинствата во кои имало и други производи со истиот елемент, како кармини, пасти за заби, путер, леб, па дури и анални чепчиња.
Од денешен аспект особено загрижувачко е тоа што радиумот бил користен во производство на играчки. Така, Радиумскопот, кој се продавал до 1942, нудел директен увид во ефектите на овој елемент. Рекламата за него споменува дека тој може да се користи и како „прекрасно“ ноќно светло, бидејќи сјае со необична светлина во темна соба.
Најинтересна примена била онаа за импотенција. Пред деновите на Вијагра, третманот се викал Радиоендокринатор, картичка премачкана со радиум која мажите ја носеле во долната облека преку ноќ. Имало и радиоактивни „конци“ кои се ставале во уретрата. Самиот пронаоѓач починал од рак на бешика во 1949.