И тие се луѓе

Јадења за книжевни јунаци

Фото серија на графичката дизајнерка Дина Фрајд, со наслов „Фиктивни оброци" - она што го јадат ликовите во некои од познатите дела.

Не знам дали некој проценувал колку од содржината на целокупното книжевно творештво до сега отпаѓа на описи на храна, дијалози кои се одвиваат на ручеци и вечери, присеќавање на омилените јадења од детството, целата таа атмосфера на мириси и вкусови - веројатно многу.

Овие фотографии се некако „пречисти" за да го доловат сето ова, но добри се како тест, дали сте обратиле внимание на тие - понекогаш клучни места - од менито на главните ликови во спомнатите книги. Се обидов да се сетам на дела од македонската литература кои би можеле вака да се илустрираат, ама сè ми се чини дека нашите ликови се гастрономски страдни, за корка леб.

* горната со пивото е предлог-храна за ликовите на, на пример, Буковски 

Ловец во 'ржта

Оливер Твист

Девојката со тетоважа на змеј

Алиса во земјата на чудата

Моби Дик


17 јули 2012 - 09:19