Гледанка

„По животот“ (1998)

Кога би требало да изберете само еден спомен за да го чувате засекогаш, дури и после смртта, кој би бил тој? Одговорот на ова прашање може да ви открие многу за тоа што ви е важно во животот, кој на крајот е само тоа - збир спомени.

„Проблематичната“ (System Crasher, 2020)

Подгответе се за вознемирувачка приказна, со френетично детско викање (кое можеби ќе треба често да го ставате на ’мјут’), агресија и солзи. Но и покрај сето ова, филмот вреди да се погледне, и тоа поради најмалку две причини.

„Звукот на тишината“ (2019)

Полициски час во нешто што би требало да биде спокојна претпразнична сабота. Но затекнати од необичната тишина, комшиите зборуваат на за нијанса повисок тон, и пуштаат гласна музика. Наместо благословена нуспојава, тишината во овие моменти за многумина станува морничаво memento mori.

„Вивариум“ (2020)

Со оглед на тоа што излезе при крајот на март, кога во светот веќе на големо се воведуваа карантини и се препорачуваа изолации, „Вивариум“ како да беше осуден на толкување низ призмата на повторливоста и осаменоста. Но тука има нешто многу повеќе од обична клаустрофобија, барем на ниво на идеја.

„Банкарот“ (2020)

Иако изгледа дека сè во сферата на филмот е стопирано, неодамна Епл ТВ+ го промовираше својот прв оригинален филм, базиран на вистинска приказна на двајца афро-американски бизнисмени кои успеваат да го изиграат расистичкиот систем на 1950-тите.

„Американска фабрика“ (2019)

Се разбира, бевме разочарани што некој-си-таму филм за фабрика за автомобилски стакла во Охајо, продуциран од некои-си-таму Обамовци, ни го зема заслужениот Оскар за документарец. Но кога лутината стивна, тој сепак требаше да се погледне, не за да се види дали е подобар од „Медена земја“, туку дали е воопшто добар.

„Форд против Ферари“

Во средината на 1960-тите, Хенри Форд Втори одлучува да го подмлади имиџот на својата компанија со тоа што ќе влезе во трката за производство на најдобра тркачка кола на светот. Тоа значи соочување со најголемиот конкурент на ова поле - Енцо Ферари и неговите дотогашни традиционални победи на светските трки.

„Космос“, или играниот филм направен без пари

Сигурно не е најдобриот филм што некогаш сте го гледале. Но иако е од жанр кој си бара пари за да биде убедлив, тоа што е направен со лични и мали средства на авторите не му одзема од квалитетот. Напротив, така станува добра лекција за тоа како инаетот и тимската работа можат да победат.

„Убав ден во соседството“ или приказната за Фред Роџерс

Филмот за кој Том Хенкс доби номинација за Оскар е приказна за човек кој реално постоел. Но неговиот карактер е толку редок и неверојатен, што исто како да е измислен.

Вистинската приказна зад „Того“

Нов филм во продукција на Дизни+ раскажува за „серумската трка“ од 1925, кога по патека долга над 1000 километри низ ледената Аљаска бил пренесуван лек за дифтерија, на санки влечени од кучиња. Како што често се случува и со човечките херои, долго време по настанот му била оддавана почит на погрешното куче.

Вистинската приказна за „Викторија и Абдул“ (2017)

Базиран на истоимена книга на Шрабани Басу, филмот зборува за вистинското пријателство помеѓу британската кралица и нејзиниот индиско-муслимански слуга Абдул Карим, чие постоење наследниците на Викторија се обиделе целосно да го избришат од историјата на монархијата.

„Дијагноза“, или документарен доктор Хаус (Нетфликс, 2019)

Што ако со години се мачите со симптоми кои ви оневозможуваат да извршувате и најобични секојдневни работи, а никој не знае што ви е? Оваа серија, инспирирана од колумна во Њујорк Тајмс, се обидува да дијагностицира ретки пореметувања врз основа на мислење не само на доктори, туку и на „обични“ луѓе.

„Темната страна на златото: американскиот гимнастички скандал“ (2019)

Мотото на вознемирувачкиот документарец за Мајкл Џексон, Leaving Neverland, беше: „Тежок да се гледа, потежок да се игнорира, невозможно да се заборави“. Во него главно стануваше збор за сексуална злоупотреба на две некогашни деца. Е овој е за повеќе од 200, злоупотребени од ист човек.

„Врба“ (2019)

„Врба“ го стега срцето. Но и потсетува на важните работи, оние блиску до дома.

„Името ми е Долемајт“ (2019)

Нов филм на Нетфликс во кој Еди Марфи го портретира Руди Реј Мур, американски комичар, пејач, актер и продуцент од шеесетите на минатиот век, нарекуван „кум на рапот“.

Фестивал на грчки филм во Скопје: „Нејзина работа“ (2018)

На 24.10 (четврток) од 20.30 часот во кино Милениум започнува неколкудневен фестивал, на кој ќе бидат прикажани шест грчки филмови. Помеѓу нив е и дебитантскиот на едно ново име во грчката кинематографија, Никос Лабот.

„Човекот кој ги изненади сите“ (2018)

Еден од универзалните мотиви во бајките од целиот свет е претворањето на човек во друго суштество, за тој да постигне некаква цел, некого да измами, да се спаси. Колку што е помоќен непријателот, толку измамата треба да биде поуверлива. А оваа е токму таква.

„Сожалување“ (2019)

На 4.10 (петок) почнува четвртото издание на фестивалот Киненова, со богата програма, која вклучува и еден интересен филм од таканаречениот „грчки откачен бран“ (Greek weird wave), кој ја замаглува стереотипната граница меѓу комедија и трагедија.

„Најсилниот глас“ (мини-серија 2019)

Се вели дека за да се вовлечете во гледањето на некој филм или серија треба да се поврзете со главниот лик, да дозволите тој да ви влезе под кожа. Во случајов тој е толку гаден, што не сакате да ве опседне. Па сепак, не можете да престанете да го гледате. Не за друго, туку за да го дочекате моментот кога ќе го стигне некаква казна.

„Мртвите не умираат“ (2019)

Нов на Џармуш? Со Бил Мареј, Иги Поп, Tилда Свинтон и Том Вејтс? Давàј! 

„Животот на Ник Дрејк: чувствителна душа“ (2002)

Вечерва (петок, 6.9), на програмата на фестивалот Скопје синема сити, Кинотека, 19 часот, документарец за еден од најмеланхоличните трубадури во историјата на музиката, прерано починатиот „Ники“ Дрејк.

Македокс 2019: „Градот на мртвите“

Во најморничавата сцена од овој филм двајца „танатопрактичари“ (оние кои ги подготвуваат мртвите за кремирање или закоп) распоруваат мртовец и сфаќаат дека во него нема органи. „Што му се случило?“, прашува мрзоволно нивен колега. „Денес се чувствува некако празно“, со шеретска насмевка му одговара едниот.

Македокс 2019: „Соло“

Филм за екстремен талент комбиниран со ранлива психичка структура, на личност која се обидува да преживее правејќи го она што најдобро го умее - свирејќи пијано, па макар и само со фокусирано тропање со прстите на маса, додека ги минува деновите во психијатриска болница.

„Светлина на мојот живот“ (2019)

Во годината која не може баш да се пофали со добри драми, оваа избива на површина, иако со веќе видена идеја.